23.8 C
Скопје
16:30 - 13 мај, 2024

ВО КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ РАЃААТ НАЈДОБРИТЕ ТАТКОВЦИ? Лавовите водат со пример, Водолиите маршираат на свој ритам, а Девиците се бескрајно доверливи…

Татковата фигура, и за момчињата и за девојчињата, го рефлектира најголемиот херој. Тато е секогаш тука кога им треба помош, утеха, уверување и храброст. Но сепак, некои татковци се „повешти“ татковци од другите, барем според астрологијата.

Еве кои хороскопски знаци се најнадарени да бидат одлични татковци!

Овен

Татковците Овни секогаш застануваат зад своите деца. Тие им дозволуваат независност на своите чеда и им дуваат ветер во грб. Ако погрешат, знаат да ги казнат, бидејќи веруваат во лекции. Секогаш се спремни за забава и ќе ги дружат децата во многу лудории.

Бик

Татковците родени во знакот Бик се неверојатно добро-организирани и се сметаат за вистински семејни менаџери. Тие секогаш имаат сè под контрола и се грижат за целата семејна програма. Одлично ги менаџираат и координираат деловните и семејните обврски. Во секое време им се достапни на своите деца, колку и да се зафатени! Практични се, преземаат веднаш иницијатива, веднаш ги решаваат проблемчињата на нивните дечиња.

Близнаци

Тоа се креативни татковци со кои на децата никогаш не им е здодевно, полни се со идеи и постојано расположени за креативни игри со децата. Забавни се и од мали нозе им ги пренесуваат своите уметнички таленти на децата.

Рак

Татковците родени во знакот Рак се многу добри и нежни со своите деца, чувствителни и сочувствителни со нив, со голема емпатија кон децата, попустливи, но многу трпеливи. Сакаат да си играат со децата, и во текот на целиот живот – стојат цврсто зад нив.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Сигурно ќе ве разнежнат

Лав

Татковците Лавови се меѓу најдобрите татковци. Тие се пример за нивните деца. Можат да бидат строги, но подеднакво – и многу дарежливи. Кога си играат со децата – сами се претвораат во деца. Децата се горди и воодушевени од своите татковци – Лавови.

Девица

Татковците Девици се доверливи, знаат да бидат најдобри пријатели на своите деца и добро ќе ги чуваат нивните тајни. Секогаш се расположени да учат со децата, да им ги проверат домашните задачи. Никогаш не бараат невозможни нешта од децата, и никогаш не ги ставаат под притисок. Сакаат да се шегуваат со децата, презабавни се! И одлични организатори се на детските активности.

Вага

Татковците Ваги се многу приврзани за децата, имаат голема фантазија, сакаат да им помагаат на своите деца, сакаат секогаш да бидат до нив – и навистина се секогаш тука кога е најпотребно. Инаку, совршени се за делење совети, а децата внимателно ги слушаат и прашуваат за совет.

Скорпија

Татковците Скорпии можат да бидат сериозни, строги и незаинтересирани за игра. Но затоа нив ги спасува љубопитноста која ја споделуваат со децата. Со голема веројатност, Скорпиите ќе сакаат да знаат се за своите деца и за тоа што им се случува, а често им се мешаат во животот. Запомнете, на децата им се потребни и тајните и сопствен личен простор.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (14.-20 февруари): Љубов за Девиците и Рибите, добри вести за Овните и Јарците, нови можности за Стрелците…

Стрелец

Познато е дека Стрелците сакаат забава и авантура, но тие се и крајно несериозни и потполно не сакаат да бидат приврзани за ништо. Ако не ви пречи неизвесноста и можноста да го спакуваат својот куфер преку ноќ, се разбира заедно со децата, тогаш ова се одлични татковци. Меѓутоа, кога се во затворен простор, тие можат да станат немирни и раздразливи.

Јарец

Овој татко е полн со одлучност, понекогаш дури и прекумерна. Јарците се првите татковци што ги запишале своите деца на различни курсеви и им ги планираат нивните активности. Најмногу од се, тие сакаат нивните деца да учат. Јарецот навистина ги сака децата, но има тенденција да ги разгалува и да биде премногу горд на нивните достигнувања.

Водолија

Водолијата маршира во ритамот на својата музика што создава проблеми за децата, кои во принцип треба да живеат според некаков распоред. Иако овој знак ги поддржува креативните напори на децата и нивните уметнички потфати, Водолијата не ја разбира потребата за ред и почитување на распоредот.

Риби

Татковците Риби се карактеризираат со емоционалност, сочувство, уметност и великодушност. Нивниот единствен недостаток е способноста да се фокусирате на една работа долго време, но и да им се налутат понекогаш на децата или да ги искараат (кога е потребно). Уште една маана им е тоа што знаат ненадејно да се повлечат и растажат без потреба, но децата овие родители едноставно ги обожаваат!

Слични објави

Се огласи членка на хрватското жири на Евровизија: „Не е фер што осудувате, еве како гласавме“

еспресо

(Фото) Тој вози мотор, таа го гушка: Ќерката на Здравко Чолиќ објави фотографии со момчето кое упорно го крие

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ луда од љубов по Драган: Водителката знае како да го сака својот лав

Еспресо

Мајката на Слоба Радановиќ итно примена во болница: Пејачот не се одделувал од неа

Еспресо

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го крсти синот: Ова се деталите од церемонијата

еспресо
Се вчитува....