3.8 C
Скопје
03:19 - 17 ноември, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 7. МАРТ: Овните полни со енергија, Стрелците оптимисти, а Лавовите преплавени од емоции!

дневен хороскоп

Овен

Полни сте со енергија, визија и сакате да остварите нешто важно. Активирајте ја нежната страна од вашиот карактер, која може да направи чуда во односите со другите. Не постои универзално чувство кога сте вие во прашање-секогаш имате различни емоции во различно време. Денес посветете им се на духовните врски.

Бик

Чувствувате дека периодов сте независни од многу нешта, и тоа ви значи особено кога е во прашање кариерата. Поволен период за нова технологија или подарок сами за себе. Приземјени сте и се чувствувате полетно за нови авантури со партнерот/ката или доколку имате нешто на повидок, не го пропуштајте. Отворете го срцето, вашиот хедонизам е бесценет.

Близнаци

Вашата сигурност и интелектуална супериорност ќе ви бидат од помош во работните односи и создавањето добра атмосфера на работа. Ве очекува некое кратко патување или можеби блиц средба со стари пријатели. Внимавајте на зборовите што ги употребувате, периодов се можни ситни кавги. Искористете го времето за длабоко дишење и пешачење.

Рак

Хармонична енергија и малку мир е она што ви е потребно, а вие знаете како да дојдете до тоа. Додека се забавувате, уживате. А потоа се враќате во својот комодитет. Бидете свесни за некои релации кои интимно ве вознемируваат, а сакате да ги решите. Отворено, со вашата желба за баланс ќе го решите тоа.

Лав

Експанзијата на емоции не стивнува и во овој период. Енергијата ви е на високо ниво и искористете ја за средување на мислите, плакарот, вишокот нешта што ви се мотаат по дома. Подарете си внимание како што знаете. Идеално време е сега да почнете со физичка активност или нешто што одамна го одложувате.

Девица

Периодов сте сигнал за мудрост и аналитични решенија на работа, па од вас се бараат и невозможни нешта. Не се грижете, наградата ќе стигне. Здравјето ви е добро, само ви треба одмор, кој често знаете да го избегнете, затоа што мислите дека треба сите нешта да се направени во перфектен рок. Опуштете се.

Вага

Венера во вашиот знак сега ја зголемува желбата за оригиналност, занес и самостојност. Креативните потфати што ги правите ќе зрачат со уникатност. Во љубовта ќе имате двојно повеќе желба за угодување на партнерот, но и ќе добивате за возврат. Чувајте си го здравјето, и посветете се на нега на душата, спа или одмор на планина.

Скорпија

Внимавајте на вашето емоционално здравје. Се давате себеси до максимум, а потоа останувате празни. Подигнете си го расположението со посета на забава, концерт, или договорете се да се видите со драги луѓе на вечера. Ви треба интимност и одмор, така што овој период работните врски нека ви останат професионални и на дистанца.

Стрелец

Оптимизмот не ве напушта, иако имате доста стрес на работа, особено со колеги кои не секогаш ви одговараат енергетски. Сталожете се, и посветете се на блиските. Предност е што имате креативност и страст за животот, па стресот лесно ви станува авантура и ве смирува. Чувајте си го доброто расположение.

Јарец

Кариерата ви е со тенденција за нагорна линија и сигурност во постапките. Финансиските насоки што ги давате на другите, најмногу ви годат и вам. Љубопитни сте околу една личност, но гордоста не ви дава да се опуштите. Немојте да сте строги со себеси, дајте си време и љубов, затоа што ја заслужувате.

Риби

Самодовербата ви е на ниво, а ве служи и емпатијата со која ги освојувате другите. Продолжете така и ќе видите дека некогаш сте многу потребни, токму онакви какви што сте. Емотивно, ви треба благ збор за да стигнете до една личност, а ако сте во долга врска или брак, смирено решете ги недоразбирањата. Ве очекуваат финансиски добивки.

Слични објави

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Еспресо

Ќе се шокирате кога ќе дознаете што е Дарко Лазиќ по професија

Еспресо

(Видео) Скандалозно однесување на Теа Таировиќ: Направи драма поради осветлувањето и ги шокираше присутните

Еспресо

(Видео) Се огласи сопругата на Милан Калиниќ по разводот: „Сè е џабе…“

Еспресо

Петар Грашо по раѓањето на синот: „Мојот тест Тончи никогаш во животот не сменил сијалица, а камоли пелена“

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ ја напушта Србија, пејачката му купила стан во Западен Холивуд

Еспресо
Се вчитува....