12:44 - 29 ноември, 2026

Очекувајте полетување: Три хороскопски знаци ќе имаат голема среќа на почетокот на 2024 година

Астролозите именуваа три хороскопски знаци на кои новата година ќе им започне „турбо“ и со нижење успеси.

Ќе доживеат вистинско препородување, ќе имаат чувство дека наеднаш се вивнале кон ѕвездите.

Кој да се спреми за полетување, прочитајте во продолжение.

Рак 

Почетокот на годината ќе внесе многу возбуда и интензитет во вашиот личен живот. Ќе бидете подготвени да доживеете нови искуства и да запознаете нови луѓе, што може да доведе до возбудлива романтична врска. Но, сето тоа не е единствена добра вест. Можете да ја вратите контролата врз ситуацијата во вашата кариера со усвојување нова здрава навика или рутина. Без разлика дали се работи за секојдневна медитација или ново хоби, наоѓањето начини за концентрација ќе ви помогне максимално да го искористите традиционално послабиот пост-новогодишен период со што ќе добиете предност пред сите колеги.

Водолија 

Водолиите може да очекуваат активен социјален живот со многу настани со пријателите на почетокот на годината. Сепак, бидете внимателни да не заборавите на итни работи среде бескрајната забава. Венера го фаворизира вашиот знак до крајот на јануари – поволен период за подигање на односите на ново ниво или за стекнување на ново ветувачко познанство. И ако веќе имате личност која би сакале да ја освоите, тогаш ова е одлично време да го направите првиот чекор! Генерално, поминувате низ важна фаза и сте во процес на самооткривање, а на почетокот на годината ќе научите важни лекции кои ќе ви помогнат да растете.

Девица

На почетокот на годината ѕвездите ве поттикнуваат да бидете храбри и креативни, дури и ако тоа значи дека треба да создадете неред во вашиот живот. Ослободете го вашиот внатрешен бунтовник и заборавете на некое време дека го мразите недостатокот на јасни планови! Меркур ќе се обиде да ви го одвлече вниманието, а одвреме-навреме ќе успее во тоа. Ќе сакате да избегате од вашите проблеми и космосот ве поттикнува да го направите тоа, а потоа ќе бидете целосно подготвени да се соочите со нив. Обидете се да гледате во иднината и не се вклучувајте во работи кои сакаат да ве заглават во минатото. Во овој период, вашата интуиција може да стане поакутна. Се ближи реализацијата на она што ви треба во животот, слушајте ја инсуицијата која ќе ви го покаже вистинскиот пат!

Како ќе ја поминат новогодишната ноќ хороскопските знаци: Луда авантура за Скорпиите, вљубување за Рибите, враќање на бившиот за Близнаците…

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....