10.8 C
Скопје
11:05 - 19 април, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (20. ДО 26.СЕПТЕМВРИ): Недоразбирања за Водолиите, стрес за Овните, љубов за Девиците, среќа за Близнаците…

Оваа недела планетата Венера во знакот на Шкорпија ќе донесе среќа во љубовта на Раковите и Рибите, но и уште малку болка во љубовниот живот на кутрите Бикови. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: каков стрес!
Уште една недела голем стрес за вашиот знак, кој ќе треба да се справи со двојното спротивставување – на Марс и Меркур. Овие две планети може да предизвикаат забавување или блокирање на вашата работа, предизвикувајќи и психо-физички замор. Искористете ги деновите  вторник, среда и четврток, кога можете да сметате на прекрасната Месечина и, штом можете, посветете време на релаксација!

Бик: проблеми во љубовта
Планетата Венера во опозиција создава проблеми во областа на чувствата: ако сте во пар, може да се расправате со партнерот за ситници, додека за слободните се очекуваат разочарувачки средби … Вооружајте се малку со трпение , наскоро вистинската личност ќе пристигне и за вас! Во меѓувреме, фокусирајте се на деновите петок и сабота, кога убавата Месечина ќе ви донесе среќа.

Близнаци: среќна недела!
Драги Близнаци, оваа недела планетата Меркур, со помош на Јупитер, би можела да ви донесе добри вести во однос на полето на работата, особено можни во вторник и среда, кога исто така ќе имате прекрасна среќна Месечина за поддршка!  Понатаму, во недела, Месечината ќе биде поволна за вашиот знак: недела ќе биде навистина романтичен ден, во кој можете да доживеете прекрасни емоции со посебна личност.

Рак: неповолна Месечина
Оваа недела можете да сметате на поддршката на планетата Венера, подготвена да ви донесе големи емоции, без разлика дали сте веќе во пар или сте сингл. За жал, на професионалниот план немате толку среќа, каде ќе треба да се справите со Меркур во неповолна положба. Марс, од своја страна, го нагласува заморот и општото чувство на малаксаност … Обрнете внимание, особено, на деновите на неповолна Месечина: вторник, среда и четврток.

Лав: љубовни проблемчиња
Драги Лавови, не е среќно време за вас што се однесува до чувствата … Венера во неповолна положба ги зголемува тензиите со партнерот. Ризикот е да ја растоварите нервозата на партнерот/ката, а проблемите пак, се предизвикани од работа. За среќа, оваа недела ќе можете да сметате на убав поволен Меркур, кој ќе ви даде одлични можности за средби кои ќе ви се најдат за во иднина, особено можни во вторник, среда и четврток, кога исто така ќе ја имате Месечината на ваша страна.

Девица: среќа во љубовта!
Вашата недела започнува со малку тежок понеделник, во кој ќе треба да се справите со Месечината во опозиција. Подобро, сепак, ќе биде во петок и сабота, кога расположението ќе ви биде одлично! Поволната Венера ви помага во однос на чувствата: ако сте слободни, не чекајте да ги искажете своите чувства или да излезете … нема што да изгубите! Паровите би можеле да донесат важна одлука.

Вага: одлично!
Драги Ваги, продолжува период на голема среќа за вашиот знак, особено од работна гледна точка. Поволните Јупитер и Меркур заедно се подготвени да ви дадат можности кои треба да бидат искористени. Марс, од своја страна, ви дава сила и борбеност. Внимание, сепак, на деновите вторник, среда и четврток, кога Месечината во опозиција може да создаде одредени назадувања, но тоа ќе биде само привремено.

Шкорпија: љубовта е околу вас! 
Ве очекува недела на голема среќа кога станува збор за чувствата! Венера во поволна положба со вашиот знак е подготвена да ви даде многу задоволство во љубовниот свет, будејќи ја страста помеѓу вас и вашиот партнер, или – ако сте слободни – да ве натера да откриете нови афинитети со посебна личност… Единствена маана: Месечината во опозиција во деновите петок и сабота, кои ќе бидат малку нервозни.

Стрелец: невозможно е некој да ве запре!
Драги Стрелци, во овој период никој не ве спречува! Со наклоност на Јупитер, Марс и Меркур, вие сте подготвени да направите револуција во вашиот живот, не се плашите да искористите каква било можност што е пред вас! А ќе има многу можности, особено на работното место! Среќна Месечина во вторник, среда и четврток. Месечина во опозиција, пак, ќе имате во недела, кога може да се чувствувате малку уморни и нерасположени.

Јарец: да живее Венера!
Оваа недела можете да сметате на небо поволно за чувства: прекрасната Венера е подготвена да ви даде возбуда и емоции за паметење. За жал, во професионалната средина нема да имате толку среќа, каде што ќе мора да се справите со Меркур во дисонантна положба и со неповолен Марс, што ќе го зголеми чувството на замор и стрес. Среќни денови: петок и сабота.

Водолија: недоразбирања …
Ова ќе биде многу среќна недела од професионален аспект, малку помалку од сентиментална. На ваша страна ќе ги имате Јупитер и Меркур, подготвени да ви дадат нови можности и сигурни успеси, особено во вторник, среда и четврток. Планетата Венера, пак, ќе ви ги расипе плановите на љубовен план, предизвикувајќи расправии и недоразбирања со вашиот партнер, особено можни помеѓу петок и сабота.

Риби: со Месечината, напред!
Драги Риби, вашата недела започнува со прекрасна Месечина во вашиот знак, што ќе ви донесе многу повеќе среќа. Областа на чувства дефинитивно ќе биде фаворизирана, благодарение на прекрасната Венера на ваша страна подготвена да ви ја даде блискоста на посебната личност. Денови на среќна Месечина ќе бидат и петок и сабота. Во неделата, сепак, може да се чувствувате малку нерасположени поради месечината во дисонантна положба.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо
Се вчитува....