14:24 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Од север доаѓа студенило, еве точно кога!

Нашиот метео прогнозер Славчо Попоски најавува студен бран кој доаѓа од север. 

 

Постуден воздух веќе патува кон нашата држава, а ќе стигне во вторник!

-Во останатиот дел од викендот повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. До понеделник ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места ЗАСИЛЕН ветер од западен и од југозападен правец (над 60 км/час), нагласува Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

-Потоа, во следните денови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Повремено ќе има нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, вели Попоски.

Според Попоски од вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и повремено на некои места (особено Долж Повардарието) ќе биде засилен на интензитет. Од вторник па натаму, под влијание на ПОСВЕЖА воздушна маса од север температурите ќе бележат тенденција на ПАД.

Во скопскиот регион во останатиот дел од викендов ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи, како и засилување на ветерот. Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Повремено ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....