21:34 - 13 ноември, 2026

(ФОТО) КАКО ОД БАЈКА: Битолското рајче на г-ѓа Павлина

Денес разговараме со Павлина Костадиновска, прекрасна личност, и многу активна во своите пензионерски денови. 

Битолчанката Павлина е пензионерка, активна претседателка на урбана заедница, а и политички е активна. Има 65 години, од нејзиното лице блеска животна, младешка радост. Полна со енергија, позитивна и секогаш насмеана, убавата душа на Павлина се отсликува во убавината на нејзиното, како што вели, мало и скромно дворче.

Имено, дворчето на Павлина се протега покрај патека долга 10 метри, а широка 4 метри. И секоја педа е умно искористена во полза на убавината, па и оградата.

Оваа госпоѓа е вистинска инспирација како може и од мал простор да се направи вистинско мало рајче на Земјата.

Вниманието ни го привлекоа и ускрасните предмети кои во амбиентот изгледаат како да се извлечени од странички од бајка.

-Од цвеќиња имам неколку рози, копривки, сардели, дрва на животот, папрат, бомбони, хризантеми, на прозорецот пак, орхидеи, темјанушки, хибискус, кала. Тоа е речиси сè, а имам и неколку украсни џуџиња, воденичка, слонче, печурка, фенерче и маса со црвено-бели столици, ни раскажува драгата соговорничка.

Ова земско рајче во Битола, Павлина сама си го уредува, бидејќи сопругот на Павлина си има свои активности, а и трите ќерки си имаат свои обврски.

Големо браво за Павлина!

Во продолжение, уживајте во глетката на дворчето на Павлина.

Инаку, Павлина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…

фото – приватна архива

Фото – Приватна архива

Доколку ви се допадна текстот, станете пријател на Фејсбук страницата на еспресо.мк, „лајкнете“ ја – ТУКА. 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....