13.8 C
Скопје
04:31 - 2 мај, 2024

МАГИЧЕН РИТУАЛ НА ПОЧЕТОК НА НОЕМВРИ: Како да ја искористите младата Месечина за да ви се остварат желбите?

Издигнувајќи се на небото на 4 ноември, младата месечина во ноември 2021 година не носи директно во срцето на сезоната на Скорпија и во длабочините на нашите души. Оваа моќна месечина предизвикува одредена напнатост, превирања и неочекувани пресврти – но исто така ќе ни помогне да создадеме длабока врска со нашите чувства и стравови.

Духовното значење на младата месечина во ноември 2021 година е богато со магија, ако сте спремни да се нурнете во нејзините бранови.

Новите (младите) месечини се почетна точка на месечниот лунарен циклус, па астролошки се смета дека носат нови почетоци и нови можности. Ова е најповолната фаза на Месечината за поставување на лични цели, започнување нови проекти и внесување нови работи во вашиот живот, и поради ова,  многу луѓе ги користат овие вибрации од Месечината за манифестирање ритуали. Посебно младата месечина во ноември 2021 година се случува во длабокиот и емотивен знак на Шкорпија – така што духовното значење на оваа млада месечина е целосно соочување со темните страни во нас самите  и прифаќање на нашата внатрешна вистина.

КАКО ПРАВИЛНО ДА ГИ ИСКОРИСТИТЕ ВИБРАЦИИТЕ ОД ОВАА МЛАДА МЕСЕЧИНА?

Младите месечини се секогаш добро време за интроспекција, бидејќи темнината на небото симболизира недостаток на надворешно осветлување – што нè поттикнува да бараме одговори одвнатре, во нас самите, наместо од надворешни извори.

Овој аспект на младата месечина е многу моќен во ноември, бидејќи хороскопската енергија на Скорпијата е насочена кон истражување на нашите најдлабоки емоции и откривање на она што е скриено.

Обидете се на 4ти ноември сосема да се осамите за да се осигурате дека нема да ви го одвлече ништо и никој вниманието насочено кон вас самите. Откажете се од какви било социјални настани што би ве оддалечиле од вашите чувства.

Месечевата енергија може да помогне да се зајакне вашата интуиција и духовното чувство за поврзаност, што ја прави одлична за да стапите во контакт со вашите вистински емоции и стравовите што се наоѓаат под површината на вашиот живот.

Штом ќе запалите светлина на темните делови од себе, имате шанса да ги излекувате и трансформирате, претворајќи ги во сила.

Бидејќи младата месечина во декември ќе донесе затемнување (што не се смета за добро време за користење на магијата на Месечината), младата месечина во ноември е нашата последна добра шанса да направиме трансформација (лична) до крајот на годината – затоа искористете ја оваа среќна можност!

Одвојте време за да се усогласите со вашите најдлабоки желби и свесно поставете некои лични цели така што ќе ги запишете, или пак, кажете ги на глас вашите желби додека палите свеќа.

Нуркањето во длабока медитација е исто така одличен начин да се искористи оваа интензивна и мистична енергија на Месечината. И благодарение на силното влијание на планетата Марс врз оваа месечина – (со Шкорпија традиционално владее Марс, а Месечината ќе се усогласи со Марс непосредно пред да го достигне врвот) – ќе бидеме дополнително мотивирани да ги поставиме и дефинираме нашите цели и да најдеме начини да стигнеме до нашите вистински дестинации и остварување на желбите.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....