5.8 C
Скопје
17:35 - 18 декември, 2024

Дневен хороскоп за 11 декември: Погледнете кој треба да внимава на своето здравје!

Овен
Вие секогаш сакате да се чувствувате пожелно и да имате постојана потврда од спротивниот пол. Тоа е главната причина што вие не сакате да преземате обврски, затоа што толку многу се плашите дека ќе си ја „убиете“ самодовербата. Дури и саканата личност да ви предложи брак, вие ќе одбиете, ако не оди сè по ваше.

Бик
Важно е да ја сочувате емотивната блискост со една драга личност која ви е при срце. Заштитете ги оние што ги сакате од непотребни вознемирувања. На професионално поле, големите амбиции не треба да ве наведат на лошо однесување. Повнимателно анализирајте ги вашите соработници и пораките што ги добивате.

Близнаци
Ако сте во врска, ќе почувствувате силна искра помеѓу вас и саканиот, а доколку сте сами, можно е на повидок личност која се вклопува во вашите стандарди за идеален љубовен партнер. Исто така, креативноста се буди во вас, па ќе бидете инспирирани да го разубавувате вашето опкружување преку интересни проекти.

Рак
Вие сакате повеќе работи истовремено и едноставно не знаете како да го изведете тоа. Опуштете се. Ќе ја постигнете целта побрзо и поуспешно ако решавате едно по едно прашање. Во попладневните часови, не правете ништо сериозно, опуштете се и уживајте. Вечерта е создадена за љубов.

Лав
Можно е денес да влегувате во конфликти со околината. Ќе морате повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Ви препорачуваме тимска работа. Бидете малку пореални. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чувствителни теми во кои потешко остварувате компромиси.

Девица
Неповолен ден е за решавање на правни прашања. Во случај на одење на сослушување, вашата ригидност и немир оставаат негативен впечаток. Ве чека нов познаник, но на далечина. Комуницирањето со сочувство ви значи многу иако е на далечина. Колегите наоѓаат мал милион недостатоци што не ги очекувавте, бидете претпазливи.

Вага
Многу сте симпатични, но и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Обидете се да бидете малку поотворени кон луѓето околу вас. Не мора да бидете совршени за другите да ве сакаат. Бидете она што сте. Очекувајте романтичен завршеток на денот.

Скорпија
Денес ќе уживате да работите во тишина. Ова е совршен ден за задачи поврзани со пресметки, анализи, документација и организација. Ќе имате остар ум, па ништо нема да може да ви се протне низ прсти. Сѐ ќе држите под контрола. Не заборавајте да одделите време за организирање на просторот во вашиот дом.

Стрелец
Немојте да се грижите за нештата кои се надвор од ваша контрола и фокусирајте се само на она што зависи од вас. На работното место ќе бидете доста ефикасни, а најверојатно ќе почнете и со некој нов проект. Во љубовта подобро ги разбирате желбите и потребите на партнерот, а ова ќе ви помогне да ја зајакнете врската.

Јарец
Понекогаш треба да се употребат различни мерки на претпазливост. Вие сте доволно разумни за да ги заштитите вашите деловни интереси во критичните ситуации. Ви недостасува емоционална поддршка, но не сакате гласно да побарате нечие внимание. Прикривањето на „слабоста“ е погрешна одлука.

Водолија
Ова е исклучително поволен ден за вас. Во вас ќе се активира вулкан со позитивна енергија и одлични идеи. Напишете сè што ќе ви падне на ум на хартија, бидејќи од голема возбуда ќе заборавите на половина од тоа, а тоа може да ви користи во иднина. Искрените емоции секогаш делуваат лековито, а за тоа е тука партнерот.

Риби
Ќе копнеете да бидете опкружени со нови лица, па ќе се насочите кон активности кои ќе ви донесат нови познанства. Со вашите мудри зборови ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Нема да можете да ја поднесете осаменоста и ќе испланирате повеќе средби со пријатели.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....