11.8 C
Скопје
07:39 - 29 април, 2024

Онлајн настава: 5 начини да му помогнете на вашето дете полесно да ги извршува своите домашни задачи

Instagram

Без оглед што ќе ви кажат другите родители и разни квази – експерти, домашните задачи се корисни за вашето дете. Тие им помагаат да ги подобрат своите вештини за само – дисциплина и да научат сами да ги решаваат проблемите.

Instagram
Instagram

Од друга страна, важно е вие, како родител, да создадете соодветни услови за работа на вашето дете, што ќе му овозможи максимално концентрирање на домашните задачи. Во продолжение, ќе откриеме 5 начини на кои можете да го направите тоа.

Не исклучувајте ја музиката

Можеби ви се чини дека омилената музика на вашето дете го одвлекува од домашните задачи, сепак, тоа не мора да биде правило. Сè зависи од тоа колку гласно е пуштена музиката и дали има зборови или само е инструментална верзија. Важно е вашето дете да не гледа на домашните задачи само како здодевна обврска, туку и како активност во текот на која може да ужива во нешто што го сака, на пример, во музиката.

Создадете соодветно работно место за детето

Изберете агол од вашиот дом што ќе биде резервиран за вашето дете и неговата домашна задача.

Може да биде во детска соба, трпезарија или дневна соба, но важно е однапред да му ги обезбедите сите потребни додатоци на детето, за да не го напушти ова место и со тоа да ја прекине работата на домашните задачи. Ставете чаша вода или сок на масата, за вашето дете да нема изговор да стане и да прави непотребни паузи.

Instagram
Instagram

Одредете го временскиот период кога извршувате домашна задача

Ако, на пример, одлучите дека вашето дете ги извршува домашните задачи секој ден (кога ги има) во периодот од 19 до 20 часот, тоа за него ќе стане рутинска активност, која ќе ја изврши со помал отпор отколку во случај на малку пофлексибилен распоред.

Instagram
Instagram

Држете го вашиот мобилен телефон подалеку од вашето дете

Некои родители им забрануваат на своите деца да користат мобилни телефони барем додека не влезат во пубертет, додека други им дозволуваат да го прават тоа уште од рана возраст.

Во која група родители и да припаѓате, би било добро да го чувате мобилниот телефон далеку од видот на вашето дете додека работи на домашната задача.

Прекрши го ова правило само ако му требаат соодветни апликации од неговиот телефон за да ја заврши домашната задача.

Instagram
Instagram

Помогнете му да ги реши тешките задачи

Не е грев да му се помогне на детето во домашните задачи, но обидете се да го натерате да ги реши самостојно, наместо да го правите тоа за него од почеток до крај, бидејќи целата поента на домашните задачи е детето да научи само да ги решава. Ако верувате дека вашето дете е способно да ја заврши домашната задача, но сепак бара ваша помош, дајте му малку време да се обиде да ја реши, пред веднаш да му укажете каде греши или да му помогнете во решавањето, пренесува „Bright Side“.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....