11.8 C
Скопје
20:56 - 18 октомври, 2026

„ГИНАТ“ ЗА СВОИТЕ ПАРТНЕРИ! Со овие хороскопски знаци ќе бидете како КРАЛИЦА!

Кога станува збор за љубовните врски, нема попосветени партнери од овие четири хороскопски знаци.

Тие секогаш ќе ве ставаат на прво место, дури и ако тоа значи дека ќе ги занемарат своите потреби. Понекогаш треба да ги потсетите да се грижат за себе, бидејќи во спротивно ќе се изгубат помагајќи ви и поддржувајќи ве во сите ваши подвизи.

Скорпија

Сакајќи да ја одржат нивната врска сигурна, Скорпиите најчесто ги ставаат потребите на партнерот пред своите, дури и кога не се баш среќни за тоа. Со оглед на тоа дека интензитетот на Скорпиите во врските понекогаш се граничи со љубомора, не постои сомнеж дека овој знак ќе направи сè кога е заљубен.

Рак

Емпатични и сензитивни, Раковите се мајките во Зодијакот. Познати по својата грижлива природа, тие имаат тенденција да ги ставаат саканите пред себе, особено кога станува збор за романтичен партнер. И покрај тоа што ова ги прави прекрасни сопатници, тие понекогаш мора да се потсетат да се грижат малку и за своите потреби.

Бик

Можеби на Биковите им треба многу време за да се посветат на една врска, но откако ќе го сторат тоа, тие секогаш ги ставаат потребите на својот партнер пред своите. Романтичните Бикови најчесто ќе ја подготвуваат омилената храна на саканите или ќе ги бакнуваат често, само колку да направат тие да се чувствуваат посебно. Биковите исто така се и одлични кога станува збор за изненадувања, подароци и патувања.

Вага

Водени од Венера, Вагите обожаваат љубов. Тие се балансирани и независни, но истовремено и одлични при препознавањето на потребите на другите. Ако тие забележат дека нивниот партнер има потреба од време за себе, без проблем ќе се тргнат настрана. Од друга страна пак, ако тој или таа има потреба од поддршка, тие ќе тргнат сè настрана и ќе бидат тука за нив.

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....