04:02 - 8 ноември, 2026

ЧАСОВНИЧАР НА ЗОДИЈАКОТ: Сонцето влегува во знакот на Девица

На 23 -ти август (денес) Сонцето влегува во знакот на Девица. Облечено е во светло сива боја, боја на дискрецијата која ги карактеризира Девиците. Постојано е будно, со одредена загриженост која го крие вечниот страв од доцнење. Го нарекуваат „Часовничар на Зодијакот“, бидејќи е опседнато со точност.

„Не е доволно да се сака, мора и да се направи“, пишува Гете, роден во знакот Девица. Оваа фраза го отелотворува темпераментот на земјениот знак Девица. Работата станува задача што треба да се изврши на најдобар можен начин. Катарзична задача – искупување за чувството на вина наследено од далечните предци дека не сте совршени.

Девицата има итна потреба од прецизни одговори за да избега од несигурноста за лошо потрошеното време. И, за да избегне вознемиреност што разоткрива се, Девицата го поддржува својот живот со граници за да избегне навлегување во непознатите зони, како оние (зоните) на Рибите, воден знак што ја привлекува Девицата толку многу поради нивната безгранична имагинација што не вклучува претпазливост ниту страв.

Девицата, од друга страна, чувствува потреба да остане закачена за реалноста, без да се осмели да ѕирне во волшебноста на животот. Секој ритуал за неа станува ментална форма со цел да се спречи празнината на нашето постоење.

Оние кои имааат многу карактеристики на Девица, откриваат страст кон предметите. Работите се корисни, ништо не се фрла. Ова добро го знае Борхес, кој и покрај слепилото или можеби благодарение на тоа, успеа да извлече светлина и изненадувања од волшебниот цилиндар на своето книжевно засолниште.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....