11.8 C
Скопје
05:53 - 3 мај, 2024

(ВИДЕО) Eротски филм што ги шокираше Југословенките: Како Швеѓанките ја донесоа сексуалната револуција во Југославија

Август 1969 година, на телевизиските екрани низ Југославија тогаш за првпат се појави гола жена.
Првиот филм на шведскиот режисер Арне Матсон кој Југославија го гледаше по ослободувањето се викаше „Играше само едно лето“.

Неговиот филм „Ан и Ева“ од 1970 година е снимен во Југославија, а во него учествуваат и југословенски глумци.

Фото: Yugopapir

Постара Швеѓанка, по професија филмска критичарка, во Југославија ја донесува својата млада пријателка. Девојката по враќањето во Шведска треба да се омажи и затоа постарата Швеѓанка и ја сервира својата голема филозофска мисла – пред венчавката треба да ги вкуси сите сласти на сексуалниот живот. Девојката се согласува.
Така на Истарскиот брег почнуваат нивните сексуални оргии. Девојката оди од рака во рака. Се подава на кого ќе стигне. Се радуваат вратарите, рибарите, возџачите, туристите…

И замислете, главната глумица Мари Лиједахл не само што е цело време гола пред камерата, туку така се шета и пред членовите на екипата и после снимањето. Режисерот ми призна дека поради нејзиното слободно однесување дошло и до неколку инциденти“, раскажа белградскиот режисер Владан Слијепчевиќ.

Фото: Yugopapir

Одбила да глуми

Требаше да заведам еден човек. Потоа камерата нè снима во кревет. Крупно, рака која зема кујнски нож, мојата рака!“, раскажува Миља Вујановиќ, југословенската глумица која одбила улога во филмот на Матсон, „Ан и Ева“.

„Раката на девојката го забива ножот во грбот на човекот кој лежи до неа. Крвта се слева низ нејзиното лице, се гледа како телото на мажот одеднаш омлитавува.“

Божидарка Фраит, загребска глумица, ја прифатила таа улога.

„Меѓу десетте жени кои беа кандидатки за таа улога, победив јас. Знаејќи за реномето и уметничката работа на Матсон, ми беше јасно дека со разговор со него ќе дојдам до саканите резултати, односно, како што вели мојата колешка Миља Вујановиќ, ќе ја избегнам „морбидната сцена“ или ќе ја дигнам на уметничко ниво, што е целта на овој, да го наречам уметнички филм.“

За три дена 10.000 долари

И југословенската глумица Оливера Вучо добила улога во филмот, но и таа одбила да го снима тоа што конкретно го пишувало во сценариото.

„После мојот успешен концерт на завршната вечер на фестивалот во Кан, познатата американска куќа „United Artists“ се заинтересира за мене и како глумица и како пејачка. Тогаш му поставија услов на шведскиот продуцент – ако сака „United Artists“ да го откупи „Ан и Ева“ за американскиот пазар, мора мене да ме ангажираат да пејам и да глумам. Ете како за само три дена снимање добив 10.000 долари. Што се однесува до мојата улога, ја изменив, секако во соработка со Матсон. Признавам дека се исплашив. Но го сменивме ликот на лезбејката во лик на пејачка на цигански песни. Таа, да бидам прецизна, остана лезбејка, но тоа се гледа само по надворешните знаци, никако по директниот контакт со други жени.“

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....