6.8 C
Скопје
06:16 - 29 април, 2024

КАЗНАТА НА ПЕНИСОТ: Не е секогаш среќа да ви биде нон-стоп „дигнат“

Пред да кажете „блазе си“ треба да знаете дека не предизвикува никакво сексуално задоволство и не се смирува со оргазам.  

Секогаш да ви биде „дигнат“ не е баш некоја среќа, а оние што страдаат од пријапизам знаат за што зборуваме.

Зборуваме за клиничката состојба која подразбира неволна ерекција на пенисот, непропорционална и продолжена со текот на времето (над шест часа), која го носи своето име од богот на митологијата Пријапус, кој бил задолжен за сексуалните активности и затоа бил прикажан со фалус. Голем, и секогаш исправен.

Но зошто тоа се случува и кои се ризиците? Станува збор за многу болна и опасна состојба, која не е поврзана со сексуално возбудување, туку се јавува како последица на промена на васкуларноста на пенисот. Во случај, ваквиот механизам да е многу моќен и упорен, со текот на часовите протокот на артериска крв до пенисот целосно запира. Количината на кислород во пенисот се сведува до нула и затоа се создава шок состојба на органот, со ерекција која се одржува самостојно. Колку подолго опстојува оваа ситуација, толку повеќе се зголемува можноста за фиброза на кавернозното ткиво, со последователно трајно функционално оштетување како еректилна дисфункција. Поради оваа причина, приапизмот секогаш мора да се третира како итен случај. Може да се појави на сите возрасти.

Зошто не предизвикува сексуално задоволство? Затоа што станува збор за неконтролирана ерекција која често се јавува без оглед на сексуалната желба и не се смирува дури и по оргазмот. Таа не само што не предизвикува сексуално задоволство, туку зголемената внатрешна напнатост предизвикува непријатност што се трансформира во болка. Кога болката станува неподнослива, треба да се побара стручна помош. Но, срамот да се признае проблемот, дополнително го одложува времето на обраќање кај лекар, а од друга страна, се знае дека навременоста игра фундаментална улога во лекувањето на оваа состојба.

Како може да се третира ова заболување?

Пријапизмот секогаш бара итен третман, за да се спречат компликации како што се фиброза и некроза на еректилното ткиво,. Ова се случува поради слаба оксигенација или тромбоза на кавернозните ткива поврзани со стагнација на крв, што брзо доведува до еректилна дисфункција.

Третманите може да вклучуват ќеси со мраз врз болната област, за да се намали отокот и црвенилото. На долг рок, терапијата има за цел да го испразни пенисот од крв за повторно активирање на циркулацијата со помош на лекови кои служат за запирање на ерекцијата. Ако терапијата не е доволна, се прави операција за да се постигне вештачко празнење на венската крв содржана во пенисот. Колку подоцна ќе се преземе акцијата, толку поголеми можат да бидат последиците.

 

Слични објави

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

еспресо

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо
Се вчитува....