8.8 C
Скопје
11:36 - 19 март, 2024

Славниот Валтер Волф славеше во Загреб, ова е неговата неверојатна животна приказна

Во Загреб славниот Валтер Волф прослави 45 години од триумфот во Формула 1 во Монте Карло. На прославата се приклучи и Матјаж Томље, кој ја слави и 35-годишнината од лансирањето на ексклузивната колекција на производи за мажи од брендот „Walter Wolf“ на пазарот во поранешна Југославија. Во присуство на медиумите, славеникот Валтер Волф ги преживеа емоциите кои го придружуваа на неговиот животен успех. Тој нагласи дека тимот на Валтер Волф е првиот во историјата на Формула 1 кој победил на своето деби во Аргентина во 1977 година. Оваа сезона победија и во Монте Карло и Канада. Валтер Волф истакна дека целосно сам го финансирал својот тим, а не како денес кога Формула 1 е голем бизнис, каде спонзорите плаќаат за да се одржува најголемиот циркус во светот.

Валтер Волф го пофали Матјаж Томље за неговиот голем деловен успех, бидејќи производите на Волтер Волф во последните 35 години оствариле обрт од над 3 милијарди евра. Матјаж Томље пак, му се заблагодари на Валтер Волф што му ја отвори вратата на светот, кој со Волф го пропатува целиот свет и запозна многу важни луѓе.

Валтер Волф и Матјаж Томље

Од босоного момче до сопственик на Формула 1 тим

Како босоного момче во шорцеви, тој собирал старо железо околу Марибор за да купи билет за кино, каде што се восхитувал на американските филмови кои го претставуваат „американскиот сон“. Во тоа време, не ни замислувал дека еден ден ќе управува со сопствен авион и хеликоптер, ќе има брза јахта и ќе вози уникатни, рачно изработени прототипови на спортски автомобили направени само за него. Тогаш не му паѓало на памет дека ќе има Формула 1 тим и ќе изгради сопствен болид што ќе го носи неговото име, згора на тоа дека овој болид ќе победи на најпрестижната трка во Монте Карло. Никогаш не помислил дека ќе стане идол на младите, на кои ќе им даде инспирација за формулата на успехот. А Матјаж Томље беше еден од нив.

Валтер Волф, роден во Марибор, Словенија, се збогатил во раните 1970-ти со зделки за нафта во Северното Море и офшор во Нигерија. Со спечалените милиони успеа да ги оствари своите соништа. Купуваше вили низ целиот свет, од Азурниот брег до Акапулко и Канада, до зимска вила во престижното австриско алпско одморалиште Лех. Си купи приватен авион, хеликоптер и нарачал рачно изработени луксузни автомобили.

Во 1975 година, заедно со Џанпаоло Даларо, кој во тоа време беше технички директор во Ламборџини, заеднички дизајнираа специјална верзија на престижното Ламборџини, а потоа тој почна да се појавува во боксот на Френк Вилијамс на трките за Големата награда на Ф1.
Волф му помогна на тимот да излезе од кризата, па така се роди тимот Волф-Вилијамс.
Во тоа време, тимот на Вилијамс имаше повеќе од 140.000 фунти долгови. Волф ги отплатил долговите и преку ноќ стана сопственик, оттука и следуваше преименувањето тимот во Walter Wolf Racing. Тимот ги собра тркачите ос светски глас, но никој не очекуваше дека тимот ќе победи на отворањето на сезоната во Аргентина. Инаку, тоа беше победа со малку среќа, бидејќи Шектер стартуваше од десеттата стартна позиција, по што шесте натпреварувачи пред него предвреме ја завршија трката.

Истата сезона, Шектер победи на ГП на Монако и на Канадското ГП, а успеа да стигне до подиумот уште шест пати, што на крајот му помогна да заврши втор во генералниот пласман зад Ники Лауда. Тимот остана ист во 1978 година, при што британскиот инженер Постлетвејт изгради нов тркачки автомобил WR5 кој се појави на Белгиското ГП. Шектер завршил четврти во Шпанија и втор во Германија, но WR5 набрзо бил заменет со WR6, со кој ја завршил сезоната со третото место на трката за ГП на САД и на второто место на Големата награда на Канада. Тој го освои седмото место во генералниот пласман. На крајот на годината Шектер се пресели во Ферари, а Волф го ангажираше Џејмс Хант. Следуваше нов предизвик за Постлетвејт кој го дизајнираше WR7, спонзориран од „Олимпус“. Автомобилот не беше многу успешен и наскоро беше наследен од WR8. Во средината на сезоната Хант реши да се пензионира и Волф го замени со Кеке Розберг. Волф му даде шанса и на Боби Рахал, кој возеше за него на две трки во Америка. Сепак, работите не се променија многу со новиот WR9 и така Волф одлучи дека неговата авантура со Формула 1 е завршена, а го продаде тимот на Емерсон Фитипалди.

Страст за брзи автомобили

Покрај неговото учество во Формула 1, Волф нарачал прототип Can-Am од Далара во 1977 година за трки во Америка. Волф го ангажираше Крис Амон како возач, но беше заменет од Жил Вилнев на средината на сезоната.
Во 1978 година, Волф ја финансираше изградбата на Далара, Формула 3 шасија позната како WD1, која Боби Рахал ја возеше во боите на Волф на европските Ф3 трки. Во тоа време, Волф и Роналд Томсон, поранешен претседател на Филип Морис, лансираа линија на луксузни производи за мажи под брендот Walter Wolf Racing, која беше промовирана од трките во Формула 1. Линијата вклучуваше машка козметика, машка мода и други висококвалитетни производи со допир на спорт и гламур.

Волтер Волф повторно ги изненади љубителите на автомобили во осумдесетите години со многу посебен хиперавтомобил. Победничкиот автомобил од 24 часа Ле Ман, Порше 935, беше прилагоден за возење по патишта од браќата Кремер од областа Келн, според наредбата на Волф. Основната шасија, која беше сериска 911, беше увезена од Канада, па автомобилот имаше канадски таблички и со тоа ја заобиколи хомологацијата. Автомобилот имаше потполно исти перформанси, поточно 2,8-литарски мотор со две турбини, кој развиваше 730 коњски сили и максимална брзина од над 360 km/h. Единствената разлика од моделот на конкуренцијата беше тоа што внатрешноста беше обложена во сина кожа со амблемот W на мерачите, седиштата и каросеријата. Волф со него го посети и јадранскиот брег, каде што предизвика голем интерес.

Тогаш младиот Матјаж Томље, кој сонуваше за трки во Формула 1, првпат го виде Валтер Волф кога ја прескокна оградата на боксот во Формула 1 на трката во Зелтвег, Австрија, и внимателно ги гледаше болидите на светските марки. Тимот на Вилијамс имаше паркиран вселенски автомобил кој повеќе личеше на подморница Наутилус или на млазен ловец. Тоа беше ексклузивен прототип на Lamborghini Countach LP 500. Сопственикот го возеше својот вселенски автомобил околу патеката пред трката и доби голем аплауз. Тогаш Матјаж не знаел кој е овој мистериозен, како што рече, „фраер“.

Но, следната година тој повторно го посети Зелтвег и го убеди господинот дека сака да вози за него. Така започна нивното пријателство, нивните патувања низ светот, што резултираше со тоа што Матјаж го донесе гламурозниот бренд WW на југословенскиот пазар и генерираше продажба на милиони луксузни машки производи, кои до денес имаат обрт од над 3 милијарди евра.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Канје Вест пак шокира: За 24 часа две „голи“ модни изданија

еспресо

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо
Се вчитува....