7.8 C
Скопје
14:37 - 22 декември, 2024

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПОДГОТВИ ТОРТА СО МАЛИНИ: Без шеќер, а неодолива и слатка!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Убавината е во секој залак од посната торта со малини и тоа без шеќер. Уживајте во убавините на секој нов ден, ни советува шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Посна веган торта со малини и чоколадо

Потребни состојки

За долниот дел:
– 300гр. посни бисквити
– 1 цеден сок од портокал
– 1 лажица какао
– 6 лажици кокосово масло
– 100 грама мелени бадеми
– 100 грама мелени лешници

За кремот:
– 200гр. маскарпоне
– 150гр. посно чоколадо
– 1 лажичка крем од бадеми
– 1 лажичка крем од сусам и чоколадо
– 1 лажичка кокосово масло

За глазурата:
– 150гр. замрзнати малини
– 3 лажици стевиа
– прелив за торти

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)

Начин на подготовка:

Во сад додадете ги мелените бисквити, бадемите, лешниците, сокот од портокал, какаото и кокосовото масло. Убаво замесете го да добиете тесто кое ќе го поставите на дното од каш садот. Прицврстете го убаво со тапкање и оставете го 10 минути во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Во друг сад, додадете го состојките за кремот и вклучете го миксерот на најбрзо. Матете се додека не добиете хомогена смеса со која ќе го покриете долниот дел од тортата. Убаво измазнете ја и ставете ја во фрижидер.

Малиниѕе ставете ги во тенџере, додадете ококу 50мл. вода и вриете се додека не добиете смеса од малини со која ќе ја премачкате тортата. Преливот за торта додадете го во 200мл. вода и вриете околу 2 до 3 минути со постојано мешање додека не се згусне. Смесата од малините истурете ја во преливот за торта и убави промешајте.

Истурете ја целата смеса врз кремот, измазнете убаво и оставете да се стегне околу 10 до 15 минути.

Послужете си малини, коцки од посно чоколадо и чаша розе вино!

Слични објави

Ива Илинчиќ сведочи против Мика Алексиќ: Српската актерка доби голема поддршка пред судот во Белград

Еспресо

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо
Се вчитува....