8.8 C
Скопје
22:37 - 26 април, 2024

(РАЗГОВОР+ФОТО) ЈОЛЕ – ПОСЛЕДНИОТ „МОХИКАНЕЦ“ МЕЃУ КРЗНАРИТЕ: Од Белград до Солун, ни ќурчија имаш, ни крзнар имаш! Бевме славни во светот по нашите јагнешки кожи, а сега ги изгубивме и традициите и себе

Од Белград до Солун, ни ќурчија имаш ни крзнар имаш…

Низ последниве децении занаетчиите станаа сè поретки, далеку од очите на јавноста, а рачната работа стана инфериорна на сметка на сериската. Сепак, додека се рехабилитираме од нападот на „вештачкото“, малите занаетчии повторно ја креваат главата над вода, да вдишат малку воздух. Дали со новото време ќе успееме повторно да ја почувствуваме романтиката на занаетчиската работа и посебните и единствени производи што ни ги нудат заборавените занаетчии? Веруваме, дека ќе се сетиме на нив, и допрва ќе ги бараме.  

Старата фабрика во Велес „Димко Митрев“ 1947 година – фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

Нашиот соговорник Јоле ни раскажа за крзнарство „Марија“ кое го добило името по бабата и внуката на бабата. Крзнарата има традиција над 90 години! Во Скопје, пак, во Турската чаршија имаат дуќан од 1965-та година.

– Во 1973-та година кога се отвори Капан ан, благодарение на социјализмот на Драгољуб Ставрев, Страхил Гигов, Благој Попов, Капан Ан го направија да биде како дом на занаетчии од изумирање, па и ние станавме дел од тој круг. Во ‘92-3-тата година покојната Нада Глигорова дојде за корекција на бунда што ја носеше. Тоган Капан ан се одржуваше, имаше кафеана, се правеа модни ревии… Тоа беше многу одамна. Тоа е минато, а ние, во ‘93-та, излеговме овде, надвор, каде што сме, на ова место – се сеќава Јоле.

крзнар чаршија
фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

Дали крзнарството е дел од вашата семејна традиција?

– Ова е семејна традиција од нашиот дедо кој сѐ уште ни е здрав и жив и ја наполни 98та година. Овој занет го работи од негови 10 години, да не претераме, од 1932-33-та година.

Какво ви е искуството да работите со вакви скапи и специфични материјали?

– Не се толку скапи, колку што се многу топли. На времето се работело јагнешко крзно и тие мајстори се викале ќурчии, од јагнешкото крзно полека сме оделе во племенито крзно. Особено во Македонија, тогаш, кога на времето имало штетен дивеч како лисица, шакал, куна и ред други животни, почнало да се прават топли облеки или пак, декорација на капути, топла додатоци за  главата, за заштита од синуси и ред други работи.

крзнар чаршија
фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

Има ли интерес уште за крзно? Дали луѓето сè уште сакаат да носат бунди и производи од кожа?

– Тоа е исто како да ве прашам дали ви е добро кога ќе купите производи во најлонска кеса или во книжна кеса. Така и ова. На западот се вели – За ваше здравје носете облека од природата, а од природата тоа е да носите топла облека од кожа и крзно. Не случајно крзното и кожата се преработуваат во богатите земји како што се Швајцарија, Шведска, Данска, Канада, Америка… Во која сиромашна земја се работи крзно? Во никоја, сѐ се работи во поразвиени земји.

фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

За жал, ние ја изгубивме индустријата по која што сме биле познати, по тие наши јагнешки кожи. Познатата кожа на времето со сплавови ја носеле до солунското пристаниште и од тука патувала низ целиот свет. Арно ама, Западот многу попаметен и поумен од нас, ја направи хемијата за да се преработува, да не се рабти со сапуни, со живи соди… и ја направи технологијата по нивно. Тие велат: Немојте вие да работите, ние ќе работиме, зашто се тие опасни материи, а ги купуваат за да прават сапуни и други производи од остатокот од кожата од кога се штави, па така станува збор за еден голем процес, големо објаснување, кое не може секој да го разбере и сфати. Во што е суштината? Една Словенија што беше најразвиена, најмногу фабрики имаше, сега нема ни една фабрика за крзно.

фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

Ова што вие го правите е рачна изработка. Мислите ли дека ќе се изгуби занаетот за идните генерации?

– Да, мислам дека ќе биде како на времето, кога сме оделе за една убава блуза или едни убави фармерки до Грција. Истото ќе се врати, да одиме во околината да бараме подобрување на својата облека, затоа што скапата бунда која сме ја купиле на времето, како подарок за некојаси награда, треба да ја заштитиме, да ја закрпиме или да ѝ смениме парче. Од Белград до Солун, ни ѓурчија имаш, ни крзнар имаш!

Никогаш кожата не се продавала како сега во Италија. Парчињата се собираат, се постилаат на платно и се прави кожа. И сега таа имитација на кожа не се вика синтетика, туку еко кожа, а јас не познавам еко животно. И така си во заблуда како човек. Како да му кажам јас сега на моето внуче дека не постои еко животно, дека постои животно, ама постои еко-кожа.

фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

Дали сметате дека проблемот, односно намелената побарувачка за крзно, е токму во тој етички момент на носење крзно или кожа?

– Види, зависи многу од човекот, затоа што ние ги изгубивме и традициите и сѐ. Ние како деца памтиме, кога доаѓа Велигден требало дома да се внесе нешто ново, да се купи. За Божиќ исто така, на западот сè уште важи да си купиш крзно, да внесиш топлина во домот. Топлината е убавина на душата, а ние, кај нас, тоа полека го губиме и го фрламе.

фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....