04:58 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Уживајте во прекрасните, сончеви денови, еве од кога!

– Уште денес ќе имаме пооблачно време, локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, особено претпладне. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски од утре па натаму ќе има МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди,  односно времето ќе биде сончево и РЕЛАТИВНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Само уште утре локално ќе има нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено во планинските региони.

– Температурите и тоа поради продор на ТОПЛА воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, продолжува Попоски.

Во Скопје и околината уште денес ќе има нешто повеќе облачност, потоа од утре па натаму ќе ма МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

-Барем отсега гледано, нова промена на времето, врнежи, како и пад на температурите на воздухот повторно се очекува од следниот викенд, а до тогаш ќе можете да уживате во неколку денови со прекрасно, сончево и ТОПЛО време, и секако убавото време ќе можете слободно да го искористете за прошетка во природа, или пак за правење на зимница и тоа доколку сеуште не сте ја направиле истата, заклучува нашиот метео прогнозер.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....