11:39 - 12 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога ни се враќа многу студеното време

– Како што веќе најавивме, од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите утре ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. За време на новогодишната ноќ пак времето ќе биде ведро и не многу студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, додека температурите ќе се движат во интервалот од 1 до 6 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, во првите неколку денови од новата 2022 година времето ќе биде стабилно, суво и сончево, како и невообичаено топло. Ќе има појава и на мала до умерена локална облачност а температурите ќе се движат во интервалот дури од 10 до 17 степени, и тоа особено за време на викендот.
И во Скопскиот регион од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....