06:34 - 1 ноември, 2026

Кога раѓаш не бираш што ќе гризеш: РАКА НАМЕСТО КОЛБАС

Породувањето е еден од најпредизвикувачките моменти во животот на жената. Страв, екстремна болка и возбуда – сосема е логично дека таквиот наплив на емоции нè прави малку диви.

Токму ова е бизарна приказна за мајка која анонимно одлучи да ја сподели на родителскиот форум Мамснет. Жената вели дека била во толку голем делириум кога го раѓала својот син што ја гризнала раката на сопствената сестра.

Медицинската сестра ѝ подала рака во знак на поддршка, а родилката била надвор од себе, што мислела дека некој ѝ дава колбас. Таа загризала без размислување.

Фото: Инстаграм

“Добив еден куп лекови и немав појма каде сум, а не ми дозволија да јадам бидејќи се сомневаа дека можеби ќе треба да ме породат со царски рез. Гладував и слушнав дека некој споменува колбаси. мислев дека ми даваат и јас да јадам. Се разбира, се покажа дека никој дури не го ни изговорил зборот колбас “, напишала таа.

Таа прашала дали е тоа најлудата приказна од породилната сала и предизвика многу мајки да ги прераскажат своите смешни искуства.

“Се опоравував од анестезија и почувствував дека некој нежно ми го тапка образот. Мислев дека тоа е мојот сопруг, па му ја зграбив  раката  и почнав да ја бакнувам. Тоа беше анестезиологот”.

“Мојата пријателка е една од најмирните луѓе што ги познавам, а се обиде да ја гризне бабицата додека се пораѓаше”.

„Јас сум бабица. Една жена еднаш ме удри толку силно во главата за време на породувањето што очилата ми излетаа од главата”.

Имате и вие некоја приказна на темава?

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....