3.8 C
Скопје
19:09 - 18 декември, 2024

(ФОТОГАЛЕРИЈА) РЕПОРТАЖА: Кога ќе стапнеш во Вила Дихово, како да си стапнал дома!

вила дихово битола дестинација пеце цветкоски

„Вила Дихово“ се наоѓа на скромни 5-10 минути возење од Битола и е водена од семејството Цветковски

Кога ќе чуеме за несекојдневни семејни бизниси и места кои навидум излегле од бајка секогаш се таму некаде – во туѓи светови, изградени и негувани од туѓи луѓе. Но, овојпат, изненадени и ентузијастични се сретнавме со мекиот воздух и огромното гостопримство на „Вила Дихово“.

„Вила Дихово“ се наоѓа на скромни 5-10 минути возење од Битола и е водена од семејството Цветковски.

Кога и како настана идејата за Вила Дихово?

– Пред 15 години, со предност што ни ја дава местоположбата, чистиот воздух, природата и можноста да се реновира куќата од 1925 год., градба од камен и кал, и да се претвори во сместувачки капацитет каде ќе доаѓаат туристи од цел свет. За таа цел направиме чистење на селото со помош на американскиот „Мировен Корпус“, каде беа собрани 50 тони ѓубре. Со нивна помош исто ни беше укажана чест во најголемиот водич за патување „Lonely Planet“, вели Пеце Цветковски.

„Вила Дихово“ е целосно семеен бизнис од почетокот на нивното постоење и како таков нуди посебно и топло искуство на нивните посетители

Во падините на Баба планина, вилата нуди удобно сместување и уште поудобно гоштевање. Тие имаат сопствена градина и лозје. Произведители се на сè што ќе ставите во уста, а и во душа. Бевме дочекани од софра со свеж зеленчук од градината, сок од лубеница, млечни производи, домашни колбаси и зелник штотуку излезен од рерна, а низ сите солени радости, се крие една посебна сладост-слатко од дуњи.

Поинтимно во кујната се запознавме со Матеа-ќерката, баба Дана и Габи Атанасова, задолжена за „месеното“, која вели дека „имам четири мажи дома и секогаш мора да има храна“ и од чии истренирани раце пробавме и мекици.

По гоштевањето, бевме почестени да ја видиме винската визба, во која мирно чекаат стотици шишиња вино, пиво и ракија да бидат испиени.

Се разбира, сè е домашно производство, ни раскажува Матеа. Најдоминанта сорта ни е Pinot Noir (бургундец), имаме наши плантажи од кои произлегуваат розе, црвено, маџун и домашно балсамико. Сортата во дворот е некоја стара непозната сорта со вкус на шумска јаготка.

Кога ќе стапнеш во „Вила Дихово“ едноставно стапнуваш „дома“. Домаќините уште невлезен те третираат како свој, па таков – свој ќе си отидеш одморен, згрижен и најаден.

ФОТО: Приватна архива
вила дихово
ФОТО: Приватна архива
вила дихово
ФОТО: Приватна архива
ФОТО: Приватна архива

 

вила дихово
ФОТО: Приватна архива
матеа вила дихово
ФОТО: Приватна архива
ФОТО: Приватна архива

 

ФОТО: Приватна архива
вила дихово
ФОТО: Приватна архива
ФОТО: Приватна архива

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....