17.8 C
Скопје
05:30 - 10 септември, 2026

Си заминува една од најдобрите амбасадорки на САД – Кејт Мери Брнз ја испративме со охридски бисери ФОТО

На амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз и посакувам многу успех и среќа во професионалниот и приватниот живот. Таа успешно го завршува својот мандат во Скопје за чие време даде огромен личен придонес во унапредување на политичките процеси во земјава. Ова вечерва ѝ го порача премиерот Димитар Ковачевски на амбасадорката на САД во чија чест приреди прием по повод завршувањето на нејзиниот мандат во нашата земја.

Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Македонија.

„На денешниот прием во чест на нејзиното заминување од нашата земја, уште еднаш потврдивме дека партнерството со САД е од исклучително стратешко значење за Северна Македонија, кое во мандатот на амбасадорката Брнз ова партнерство дополнително зајакна и се продлабочи“, вели премиерот во објава на Фејсбук.

Тој на приемот кој се одржа во „Вила Водно“ на амбасадорката Брнз и подари уникатен накит од Македонија – охридски бисери.

Кога на 12 јули 2019 година во претседателската резиденција на Водно, амбасадорката Брнз му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Стево Пендаровски најави дека ќе работи неуморно на унапредување на односите меѓу двете земји. Тоа и го стори.

Во текот на својот мандат во земјава Брнз не воодушевуваше со својата скромност, одмереност, но и врвна професионалност. Таа ги оствари своите ветувања, а даде и силна поддршка во борбата против корупцијата и владеењето на правото. Остави свој печат и во партнерството со приватниот сектор и одбраната. Искрено ни посака добредојде и ни оддаде признание кога на 27 март 2020 година Македонија стана 30 -та членка на НАТО.

Брнз е ветеран во американската дипломатија, со стаж од триесетина години во дипломатската служба на Стејт департментот. Нејзината професионалност е потврдена со дури осум награди за највисока чест и за заслуги и награда за служба, како и две награди за заслуги за цивили службеници од Одделот за Армија на Министерството за одбрана на САД.

 

 

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....