19:49 - 8 ноември, 2026

Андреј Бабиш човекот што го бодреше Заев на патот кон ЕУ на суд за измама на 2 милиони евра европски пари

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш денеска излезе пред суд поради обвинение дека пред 13 години на измама добил дотации од околу два милиона евра, европски пари за семејната фарма и за конференцискиот центар „Гнездото на штркот“.

Поранешниот чешки премиер во 2019 година во времето кога премиер беше Зоран Заев ја посети Македонија, а на средбите со државниот врв изрази силна поддршка на земјава во евроинтеграциските процеси.

Освен Бабиш, пред судот денеска се појави и поранешната менаџерка Јана Надјова, која според обвинението со махинации добила пари од Европска Унија за „Гнездото на штркот“.

„Гнездото на штркот“ до 2007 година беше дел од концернот Агроферт, а потоа стана акционерско друштво, во кое сопственици на акциите беа децата на Бабиш и неговата невенчана сопруга Моника. Според обвинението фармата добила два милиона евра од фондовите на ЕУ за мали претпријатија, на што немала право како дел од концертот.

Државниот обвинител за кривично дело манипулација со европските субвенции бара условна казна затвор од три години и за Бабиш и за Надјва, како и парична казна од 416.000 евра за поранешниот премиер и 20.000 евра за поранешната менаџерка.

– Јас сум невин. Драго ми е што сите ќе ги видат моите аргументи против тоа лажно обвинение. Тоа е политички мотивирано кривично гонење. Се надевам дека судот ќе биде независен, изјави Бабиш пред да влезе во судница.

Судењето на поранешниот премиер на деценијата предизвика голем интерес кај медиумите и граѓаните, за кои беа издвоени 80 бесплатни билети за да го следат директно во салата, што главно го користеа противниците на Бабиш, кои извикуваа „Конечно“ и „Дојде судниот ден“.

 

 

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....