08:03 - 8 ноември, 2026

Орбан на подарок доби нов шал од словачкиот премиер ФОТО

Словачкиот премиер, Едуард Хегер, му подари нов шал на Виктор Орбан на самитот на лидерите на Вишеградската група (В4) денеска во Словачка, пишува „Еуроњуз“.

„Забележав дека Виктор Орбан има стар шал, па денеска му подарив нов. Доаѓа зима“, напиша Хегер на Фејсбук.

Орбан на социјалните мрежи објави и фотографија со Хегер и нов шал. Тој на Твитер напиша: „Да живее унгарско-словачкото пријателство“.

Орбан беше критикуван од неговите соседи затоа што на неодамнешниот пријателски фудбалски натпревар во Будимпешта меѓу унгарските и грчките репрезентации носеше шал на кој беше прикажана картата на Голема Унгарија.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....