22:57 - 27 ноември, 2026

(Фото) Бочварски ја овековечи својата љубов, на свадбената веселба дојде и српскиот министер Момировиќ

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски  се ожени со својата избраничка Маринела Серафимова, а веселбата на која освен пријатели беа поканети и негови сопартијци се одржа во „Александар Палас“.

На свадбата на Бочварски беа и  министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за труд Јованка Тренчевска, вицепремиерката Славица Грковска како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Бочварски на свадбата го поканил и својот српски колега Томислав Момировиќ .

„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благој Бочварски. На граница чекав подолго од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан, се пожали српскиот министер за градежништво Момировиќ на социјалните мрежи.

Тој на свадбата на својот македонски колега стасал со задоцнување и објави фотографии од веселбата на Инстаграм.

Среќен брак им посака и министерот Љупчо Николовски со сопругата, кој исто така објави фотографија со брачната двојка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tomamomirovic (@tomamomirovic)

 

 

Слични објави

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо
Се вчитува....