3.8 C
Скопје
09:05 - 21 декември, 2024

ФИЛИПИНКА ВО МАКЕДОНИЈА: Првите месеци ме фати депресија, на свекорот му реков „дали си умрен“ наместо уморен…

Кристи Рејчел Трајкоски по потекло е од Филипините, од градот Манила, но љубовта ја донела во Македонија каде живее веќе десет години. Дипломирала менаџмент на хотелиерство и ресторани во својата родна земја. Две години работела во Дубаи и кога добила можност да работи на крузер, без размислување ја прифатила понудата и да го прошетала светот. Таму го запознала Бојан, нејзиниот сопруг со кого се заедно веќе 14 години и имаат две деца.

фото – приватна архива

– Во Македонија дојдов поради љубов, со сопругот се запознавме во 2007 година, двајцата работевме на брод 4 години, а во 2011 година дојдов во Македонија. Од брод во Македонски брод – се смее Кристи.

Од егзотичните Филипини до Македонски брод, два сосема различни света за живеење.

– Шест години живеев во Македонски Брод и навистина на почетокот беше депресивно доаѓањето од голем град, како што е Манила, во толку малечко место како што е Македонски Брод. Првите четири месеци ме фати тешка депресија, од егзотика, во планини. Но, се навикнав брзо, Македонски брод е многу убав град, има многу природа и чист воздух. Сите се пријатели таму. Да го изрекламирам Македонски брод, ако сакате да се одморите дојдете во овој град. А Скопје нуди повеќе можности за работа, за живот, за децата – вели Кристи.

Нивната свадба била закажана само 15 дена откако пристигнала во Македонија.

– Имав само 15 дена да се запознаам со роднините на сопругот, да ги научам македонските традиции, обичаи и ора. Со сестрата на Бојан учев да играм оро.  Воопшто не знаев како изгледа македонска свадба, 300 гости и играње од почеток до крај. Наместо прва брачна ноќ, јас заспав веднаш облечена во венчаницата. Имате интересни обичаи, вечерта по свадбата ме пречека дома свекрвата и ми даде да носам леб под рацете, а сопругот ме крена и ме внесе внатре. Па кога се породував, пак свекрва ми ми пушти јајце под блузата. Вие истурате вода кога некој тргнува на пат. Имате многу интересни работи кои ги правите.

фото – приватна архива

По четири месеци почнала да работи и да го зборува македонскиот јазик, а после година учествувала и во телевизиски емисии, давала и неколку интервјуа, а била дел и од реклама за туризам во Македонија.

– Од македонскиот јазик најтешко ми беше да ги запомнам оние зборови каде што има само една буква разлика. Никогаш нема да ја заборавам реакцијата на свекор ми кога ме праша што има за ручек, а јас му одговорив: „За ручек имаме желка бе тате, ќе јадеме желка“ (наместо зелка, н.з) или кога сакав да го прашам: „Дали си уморен?, а јас реков – дали си умрен тато? – се смее Кристи.

На Филипините луѓето се многу поврзани со семејството и искажуваат голема почит кон постарите.

– На пример, одиме заедно на шопинг, секоја недела одиме заедно цело семејство во црква, заеднички ручек или вечера е задолжително, и имаме огромна почит спрема постарите. Исто така, децата се учат на нивните одговорности во домот од многу мала возраст, учиме како да готвиме, да чистиме, да помагаме дома, да бидеме дел од семејните обврски, и не само женските деца, туку и машките ги учат овие одговорности во домот – ни објаснува Кристи.

Различна култура, различни обичаи и традиции.

– Ние почнуваме да ги славиме новогодишните и божиќните празници од септември и тоа трае до јануари. Сите собрани си делиме подароци – додава Филипинката.

Како и сè останато, голема е разликата на македонските и филипинските рецепти.

– Имам голема среќа што имам добра свекрва и сестра на Бојан. Свекрва ми готви прекрасни јадења. Традиционални, македонски. Мене омилени ми се мусака и тавче гравче. Нема разлика во состојките кои се употребуваат, туку во начинот на готвење. На Филипини наместо леб јадеме сварен ориз без ништо, ниту сол, тука сакате да си каснете леб. Се јаде седум пати на ден, а појадокот започнува во седум часот. Во Македонија појадокот некогаш е во 12 часот и тоа бурек со месо. На Филипините сакаме да употребуваме многу зеленчук, но сакаме да крцка, не да биде преварен и препржен – раскажува Кристи.

Кристи отвори Јутјуб канал каде преку видео патувања ги добижува убавините на Македонија до пријателите и светот.

– Да, пред некое време со мојата другарка Весна отворивме Јутјуб канал. Обожавам да поминувам време со моите пријатели и барем еднаш во неделата излегуваме да се дружиме. Така и дојде идејата и така се вика нашиот канал Let’s explore with Tetai. Македонија има прекрасни места кои вредат да се посетат.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....