15.6 C
Скопје
18:43 - 19 октомври, 2026

„Дрога за силување“ на прославата на германската СДП на која присуствувал и канцеларот Шолц

Најмалку девет жени кои присуствувале на забава организирана од германската Социјалдемократска партија (СПД), во која беше и канцеларот Олаф Шолц, биле дрогирани со супстанција позната како „дрога за силување“, соопшти СПД. Портпаролот на пратеничката група го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагесшпигел и додаде дека досега се потврдени девет жртви.

На традиционалната прослава што ја организира СПД пред летниот одмор присуствувале околу илјада луѓе, меѓу кои и канцеларот Шолц, како и бројни други претставници и соработници.

Берлинската полиција соопшти дека по „прослава организирана од политичка партија“, 21-годишната жена пријавила дека не се сеќавала на никакви детали од вечерната забава следниот ден.

Таа се пријавила во болница на преглед и поднела пријава. Младата жена консумирала храна на забава и пиела безалкохолен пијалак кога наеднаш почувствувала слабост и вртоглавица.

Досега полицијата е известена за уште четири вакви случаи.

„Ги советувам сите засегнати да поднесат тужба“, напиша на Твитер една од челниците на СПД, Катја Маст.

Во мејлот испратен до учесниците на таа летна прослава одржана во средата, СПД го осудува „страшниот чин што веднаш бил пријавен во полиција“.

„Дрогата за силување“ предизвикува мачнини и вртоглавица и најчесто се става во пијалоци и предизвикува седација со хипнотичко дејство (поспаност) така што личноста не може да се спротивстави, а агресорите можат да ја силуваат или да користат некаков облик на агресија.

Во Берлин, во 2021 година биле пријавени 22 случаи на агресија со „дрога за силување“, пишува весникот Берлинер цајтунг.

Сепак, реалниот број на жртви е многу поголем, бидејќи многумина не се сеќаваат на настаните и се срамат да поднесат жалба.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Ново во Волково: Brasilia Wax Studio – место за депилација, масажа и време посветено само на вас

Еспресо
Се вчитува....