05:13 - 6 април, 2026

За љубителите на јагоди – Направете неодолив милкшејк (РЕЦЕПТ)

Покрај тоа што јагодите се одлични за човековото здравје, овој неодолив милкшејк ќе ви донесе уживање и освежување во пеколните денови кои претстојат…

Потребни состојки:

250 мл јогурт
250 мл млеко
500 г јагоди
1 лимон

Начин на подготовка:

Во блендер или со миксер измешајте ги млекото и јогуртот. Измијте ги убаво јагодите и додадете ги во садот за матење. Измиксајте добро и смесата сипете ја во високи стаклени чаши.

Во секоја од чашите исцедете по малку лимон. Декорирајте со цели јагоди на врвот. Можете, по избор, да додадете и малку чоколаден прелив или пак шлаг.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....