13:55 - 9 ноември, 2026

Вртена пита со месо и готови кори

Состојки:
500 грама танки готови кори
300 грама мелено месо
1 главица сечкан кромид
1лажичка црн бибер
сол
свеж магдонос
масло за јадење

За наросување на корите:
200 милилитри кисела павлака
1 јајце
100 милилитри масло за јадење
малку прашок за печиво

Подготовка:
Во тава на оган ставете малку масло и во него додајте го ситно исечканиот кромид. Кратко пропржете го кромидот, а потоа во него додајте го и меленото месо. Пржете ги заедно додека целосно не испари течноста. На крај зачинете и тргнете го сега веќе подготвениот фил од оган. Почекајте малку да се излади, а потоа во месото додајте го ситно исечканиот магдонос.
Рерната вклучете ја на 200 степени и подмачкајте ја тавата во која ќе ја печете питата со малку масло за јадење.
Во друг сад, изматете ги јајцето, киселата павлака, маслото за јадење и прашокот за печиво.
На работната површина извадете една кора и попрскајте ја насекаде со смесата за попрскување, а врз неа додајте ја и втората кора. Врз неа ставете малку мелено месо и корите свиткајте ги убаво. Редете ги како вртена пита. Постапката повторувајте ја додека не се потрошат сите кори и филот.
Вака подготвената вртена пита од готови кори со мелено месо, печете ја околу 20 минути.

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.
Се вчитува....