13:47 - 9 ноември, 2026

Олена Зеленска одговори на обвинувањата поради фотографиите за „Вог“ и истакна дека тоа е нејзина должност

Откако Володимир и Олена Зеленски позираа за магазинот „Вог“ и наидоа на негативни реакции, се огласи и првата дама на Украина.

Таа за Би-Би-Си изјави дека тоа е нејзина должност, и дека целата земја е под постојан стрес.

-Од 24 февруари сме под постојан стрес и тоа не се намалува – рече таа.

Иако е позната по тоа што не зборува многу во јавноста, таа истакна дека можноста да се појават во „Вог“ ја гледаат како можност да и помогнат на Украина.

-Милиони го читаат „Вог“ и моја должност беше да разговарам директно со нив, и тоа беше интересно искуство. Во мирниот живот, не бев навикната на внимание. Сите се борат на првата линија на фронтот, и тоа е работа, а јас морам да ја работам таа работа“, рече таа.

Олена нагласи и колку е важно државата да функционира, а луѓето да продолжат понатаму.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....