3.8 C
Скопје
22:34 - 20 декември, 2024

Совршен додаток на кафето – Домашни кроасани со ореви

Кроасани полнети со фил од ореви. Убави, меки и ароматични, благо крцкави и лиснати, овие кроасани се совршен додаток на шолјата кафе или чај.

Потребно ви е:

– 400-500 гр брашно

– 150 гр маргарин

– 1 лажица шеќер, сол

– 200 гр ореви мелени

– 100 мл млеко

– 200 мл јогурт

– 100 гр шеќер

– 30 гр квасец

– 2 јајца + 1 жолчка

Подготовка:

Растворете го квасецот во малку млако млеко и додадете ги двете јајца и добро измешајте, додадете го јогуртот, малку брашно, солта, остатокот од брашното и имесете средно меко тесто.

Немојте да биде тврдо.

Покријте го да одмори околу 30 минути. Измесете го убаво тестото и земете. 6-7 топчиња од брашното. Секоја топче развлечете го со сукало во круг колку што можете потенко, голем колку тањир и премачкајте со маргарин. Со оваа постапка направете ги сите 6-7 кругови, само на најгорниот не ставајте маргарин.

Потоа со раце развијте што поголем круг од сите теста едно врз друго и со сукало исукајте фина лисната кора со дебелина до максимум 1 см. Исечете го кругот на 4 дела, а потоа секоја четвртина уште на три тријаголници за да добиете 12 тријаголници.

Оревите сомелете ги и додадете им малку шеќер и 3-4 лажици топло млеко.

Во секој тријаголник ставете лажица од филот со орев и свиткајте го како кифличка.

Ставајте ги кроасаните во подмачкан плег, покријте ги да одморат 15 минути, па намачкајте ги со разматена жолчка.

Печете на 200 степени 20 до 25 минути.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....