04:39 - 5 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ФРИТАТА А ЛА НАТАЛИ: Лесна храна за појадок или вечера!

наташа мустафа

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил, а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

„ЉУБОВТА КОН ГОТВЕЊЕТО ЈА НАСЛЕДИВ ОД ДВЕ ПРЕКРАСНИ ЖЕНИ, ИЗВОНРЕДНИ ВО КУЈНА, МАЈКА МИ ЗОРЕ И БАБА МИ РАДА. ГОТВЕЊЕТО МЕ ОПУШТА И ПРЕКУ НЕГО ЈА ИЗРАЗУВАМ МОЈАТА КРЕАТИВНОСТ. ГОТВАМ, СЕРВИРАМ, ФОТОГРАФИРАМ.ТОА Е МОЈ НАЧИН ДА ЈА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНАТА И ПРЕНЕСАМ ПОРАКАТА ДЕКА ГОТВЕЊЕТО Е УМЕТНОСТ“, НИ ОТКРИВА НАШАТА ДРАГА НАТАША.

Овој рецепт е за сите оние кои сакааат да ги искористат остатоците во фрижидер –  собирате се што ви се нашло по дома и добивате рапсодија од вкусови.
Превкусно, италијанско јадење, кое во кујната на оваа врвна мајсторка, добива малку ориентален шмек, заради суџукот.
„Совршено за појадок и вечера, а зошто не и за ручек кога ти се јаде лесна храна. Петка е и за по излети“, вели Наташа.

Потребни состојки:

  • 2 средни компири
  • 2 моркови
  • 6 јајца
  • 40 гр овчко сирење
  • 30 гр суџук
  • една рака спанаќ
  • маслиново масло
  • зачини (куркума, псилиум, ѓумбир)

Подготовка:

Компирите и морковите се рендаат. Другите состојки се сецкаат. Сè се промешува. Им се додаваат избиените јајца. Се става смесата во тава. Се пече 35 минути на 200 степени.

Пријатно јадење!

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....