07:43 - 14 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ОВЕСНИ БАРОВИ ОД 4 СОСТОЈКИ: Брзо, здраво, превкусно

мартина трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм- профилот (martinascooking).

Мартина Трајаноска
Фото: Приватна архива

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи здрави овесни барови од 4 состојки. Вкусно и здраво благце кое ќе ви стане омилено. Доколку внимавате на исхраната или сакате здрава верзија на благо мора да ги пробате овие барови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Потребни состојки:

  • 200 гр путер од јатки (бадем)
  • 50 гр мед
  • 80 гр овесни снегулки
  • 50 гр суво овошје

Подготовка:

Многу се едноставни за правење, не се печат, а се што треба да направите е да ги измешате состојките. Доколку путерот и медот не ви се на собна температура прво загрејте ги на среден оган, на пареа или во микробранова. Убаво измешајте ги сите состојки заедно и натапкајте ја смесата на хартија за печење во мало плехче или тава со намрсени дланки. Оставете најмалку 20 мин во фрижидер, па исечете на ленти. Од дозава излегуваат 7 барови(3x10cm) како на сликата, но едно е доста големо и не верувам дека ќе можете да го изедете цело, па јас ги поделив уште на пола(3×5). Јас користев путер од бадем, но вие можете и со путер од кикирики, лешник или по избор. Од суво овошје додадов брусница и смоква, а и плус 2-3 сецкани бадеми.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....