20:26 - 26 август, 2026

БРИТНИ СПИРС Е КОНЕЧНО СЛОБОДНА: Крај на сагата со старателството долга цели 13 години

бритни спирс џејмс спирс

Бритни Спирс била преплавена од емоции откако судот во Лос Анџелес конечно донесе одлука дека долгогодишниот старател, нејзиниот татко Џејми Спирс веќе нема да има контрола врз животот на ѕвездата.

Џејми Спирс за својата ќерка Бритни: Ја спасив од катастрофа, јавноста не знае сè

Судијата Бренда Пени нареди Џејми Спирс да биде суспендиран од оваа позиција, со што Бритни конечно може да ужива во својата слобода.

ТАТКОТО НА БРИТНИ СПИРС БАРА ПРЕКИН НА СТАРАТЕЛСТВОТО: Ѝ посакувам сè најдобро

„Сегашната ситуација не е одржлива“, рече судијата на сослушувањето и додаде дека таквиот аранжман создава „токсична средина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sidomex Entertainment (@sidomexent)

„Бритни се расплака кога ја слушна одлуката на судијата. Долго време мислеше дека никогаш нема да го доживее денот кога ќе заврши доминантната контрола на нејзиниот татко врз секој аспект од нејзиниот живот, но тоа конечно се случи“, изјавил извор близок до пејачката за „Page Six“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Таа е во шок и остана без текст, но буквално скокаше од радост. Таа не почувствувала таква радост цели 13 години“, додал изворот.

Да потсетиме, Бритни во почетокот на септември побара прекин на 13-годишното старателство. Метју Розенгарт, адвокатот на Бритни Спирс, побара расправа за целосно раскинување на договорот за старателство и истата да се одржи во рок од 30 до 45 дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Тој, исто така, повика на истрага за однесувањето на Џејми Спирс за време на неговото старателство и го доведе во прашање неговото управување со имотот на Бритни Спирс.

Слични објави

(Фото) На 43 години, тој е вистински ѕвер! Златан Ибрахимовиќ на ова ја должи тајната за својот младешки изглед 

Еспресо

(Фото) Кафе, сок и шишенце млеко — Анастасија и Гудељ покажаа како изгледа едно секојдениве

Е.А.

„Една си ми ти“: Обожавателка на Тарабунов направи нешто уникатно за него

Еспресо

(Фото) Гламур под отворено небо – Во Villa Diva искусете поинаква димензија на вашата прослава

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ „пука“ од самодоверба во фустан со длабоко деколте

Еспресо

(Фото) Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ужива во Дубаи во пресрет на својот 18-ти роденден

Еспресо
Се вчитува....