23.8 C
Скопје
14:42 - 3 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Издржете го уште малку дождот, следуваат топли денови, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

– Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 19 степени, забележува Попоски. 

Според Попоски утре, особено претпладне ќе има услови за повремен локален дожд, додека од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето, па за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до околу 0 степени.

Максималните пак, ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Слични објави

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.

Животот на Тереза Кесовија бил исполнет со трагедии — рано останала без мајка, брат ѝ загинал, а се борела и со тешка болест

Е.А.
Се вчитува....