15.8 C
Скопје
21:28 - 12 мај, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Пилешка Шаварма што ќе ве телепортира на Блискиот Исток

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ)ГОТВИМЕ СО ТЕА: Превкусен, полнет мисиркин ролат со кој ќе ги импресионирате домашните!

Теа денес не однесе на Блискиот Исток и ни подготви Шаварма. 

Шаварма е најпознатата улична храна карактеристична за овој регион. Шавармата многу наликува на за нас добро познатите гиро и донер

Начин на подготовка:

Пита лепчиња:

    • 3 чаши брашно
    • 2 лажичко прашок за пециво
    • 2 лажички шеќер
    • 1/4 лажичка сол
    • 1/4 путер
    • 1 чаша топла вода
      Тестото се меси 10 минути. Се дели на 12 дела и се прават топчиња. Секое топче се расукува на набрашнета површина и се пржи на загреана тава без зејтин. Внимавајте да не ви изгорат, пржете ги на умерена температура.

Шаварма со пилешко месо:

Пилешки стек:

    • Кромид
    • 2 чешниња лук
    • Сол и бибер
    • Буковец
    • Црвен пипер
    • Цимет
    • Кориандер
    • Турминец
    • Кумин
    • Црвена и зелена пиперка
    • Домат
    • Црвен кромид
    • Магдонос
    • Сок од лимон
    • Грчки јогурт
    • Мајонез


– Пилешкиот стек исецкајте го на тенки ленти и ставете го во подлабок сад. Кромидот исецкајте го на ленти и додадете го во пилешкото. Лукот ситно исецкајте и него додадете го во пилешкото. Посолете, додадете по малку од сите зачини, додадете 3 лажици масло и убаво промешајте. Оставете го пилешкото да се маринира најмалку 1 час, покриен со фолија во фрижидер. Во меѓувреме подгответе ги ситно сецканата салата и сосот за премачкување.
– Ситно исецкајте ги пиперките, доматот, магдоносот и кромидот, измешајте ги, посолете и додадете сок од половина лимон.
– За сосот измешајте грчки јогурт со 1 лажица мајонез и малку сол.
– Месото испржете го и потоа почнете со подготовка на шавармата.
– На секое пита лепче намачкајте од сосот, ставете од ситно сецканата салата и од пилешкото месо. Завиткајте ги како ролна и уживајте во вкусот.

(РЕЦЕПТ)ГОТВИМЕ СО ТЕА: Нема подобро филмско мезе од мексикански чипс!

 

Слични објави

(Видео) Сцена што ќе ве растажи – Дарко Лазиќ со солзи во очите додека пее за својот покоен брат

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја прославува годишнината од бракот со 23 години помладата сопруга: „Две возбудливи и турбулентни години“

Еспресо

Glam and Glow ја претстави новата онлајн колекција: Стил што освојува на прв поглед

Еспресо

Цеца во краток мини фустан покажа како изгледа откако драстично ги намали килограмите

Е.А.

Зошто Дорис Драговиќ за малку ќе беше дисквалификувана од Евросонг во 1999 година?

Т.Ц.

(Фото) Се сеќавате на Кончита од Евровизија? Денеска е непрепознатлива!

Еспресо
Се вчитува....