06:34 - 7 април, 2026

Посни карамел бомбици со лешници

Засладете се со овие превкусни карамел посни бомбици со лешници…

Состојки:

– 200 гр шеќер

– 100 гр лешници

– 100 гр суви смокви

– 100 гр бисквити

– 50 гр суви кајсии

– сок и кора од 1/2 портокал

– 1 лажичка рум

Начин на подготовка:

Шеќерот растопете го на оган со 2-3 лажици вода, да пожолти и да се карамелизира. Откако ќе стане проѕирен тргнете го веднаш на страна. Изрендајте во него кора од половина портокал.
Смоквите и кајсиите со сокот од портокал ставете ги во сечко да се сомелат и истурете ги во карамелизираниот шеќер. Тука додадете ги и мелените лешници и бисквитите, румот и соединете.

Совет:

Шеќерот топете го на средна температура на рингла за да не прегори и загорчи. Може да ставите кора од цел портокал.

За украс на секоја бомбица можете да ставите по половина лешник.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....