01:39 - 27 ноември, 2026

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

​Познатата македонска пејачка Катерина Брезева од групата „Соната“ сподели редок приватен момент со својата ќерка Ана.

Кате, која е препознатлива по својот вокал и настапите со сопругот Трајче и групата „Соната“, уште еднаш ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи.

Пејачката сподели фотографија на која ужива во друштво на својата ќерка, доловувајќи момент на блискост и неизмерна љубов. Она што може да се забележи на сликата е дека Ана многу наликува на мајка ѝ. Таа во јуни ќе наполни седум години

Фото/Инстаграм

Дека музиката е составен дел од нивното секојдневие и надвор од сцената, симболично кажува и самиот амбиент на фотографијата, украсен со музички ноти.
​Брезева, која важи за една од најдобрите пејачки кај нас во фолк музиката, ретко споделува вакви приватни мигови, но кога го прави тоа, секогаш добива бројни комплименти за својот изглед.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....