16:09 - 31 март, 2026

Не треба да бидете особено вешти во кујната – Слатки капкејк елкички за уште послатки новогодишни празници

Нека ве обземе празничниот дух, препуштете и се на фантазијата и дозволете и да создаде слатки ремек дела…

Дури и ако не сте вешти во декорирање, овие тортички многу лесно ќе ги направите. Потребен ви е само добар шприц за филот.

За малку поевтина варијанта, наместо маскарпоне можете да користите и неутрално крем сирење.

Состојки:
150 гр омекнат путер
150 гр шеќер
рендана кора од 1 лимон
2 јајца
150 мл млеко
прстофат сол
200 гр брашно
2 лажички прашок за печиво

Фото: Профимедиа

Фил:
250 гр маскарпоне
сок од 1 лимон
50 гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер

Останато:
прехрамбена боја за колачи
украсни топчиња, ѕвездички

Подготовка:
Калапите за мафини обложете ги со декоративни хартиени корпички. Вклучете ја рерната на 180 степени.

Фото: Профимедиа

Подготовка на тестото
Шеќерот, изренданата кора од лимон и путерот изматете ги пенасто со миксерот. Додадете ги јајцата, млекото, солта и на крајот брашното измешано со прашокот за печиво.
Со смесата полнете ги калапите до 2/3 и печете околу 20 минути.

Подготовка на филот:
Маскарпоне сирењето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер изматете ги, па додадете го сокот од лимонот. Добро измешајте, додадете боја по желба и наполнете го слаткарскиот шприц со филот. Декорирајте ги мафините така што ќе направите новогофишни елкички, вртејќи со филот во круг и лесно поткачувајќи нагоре. По желба украсете со шарените топчиња, ѕвездички и сл.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....