09:37 - 31 октомври, 2026

Пејачката Бојана Скендеровски се враќа на музичката естрада: Најдов одлична песна, знам дека ќе ѝ се допадне на публиката (ВИДЕО)

По подолга пауза на македонската музичка сцена со нова песна се враќа и познатата пејачка Бојана Скендеровски или пак ако сакате и Атанасовска.

Малку повозрасната публика и тоа како знае за Бојана, која пред десет години беше можеби една од најакативните пејачки на домашната сцена. Особено ја паметат по нејзиниот мега-хит „Во дилема“, на кој се појавија и Роберт Билбилов и раперот Тони Зен.

Бојана Скендеровски/Промо

Овојпат нешто сосема друго, нов музички правец за кој е заслужен еден од најдобрите композитори во нашата земја, Николче Мицевски.

„Круна“ е името на нејзината песна, за која како кажавме како автор се потишува Николче, додека пак текстот е дело на Сара Пројковска. Таа беше промовирана вчеравечер (среда) во живо на фејсбук-страницата на Бојана.

– Да бидам искрена не беше лесно да се избере песна, бидејќи ова е мое враќање на македонската музичка сцена ако може да се каже така и сакавме со Николче да биде нешто навистина одлично. Преслушав и доста други песни од други композитори, но највеќе верував дека ова е песната со која треба да се вратам – изјавува Бојана.

Бојана Скендеровски/Промо

За песната Бојана сними и видеоспот на кој работеше професонална екипа од продукцијата „Скендеровски“, а истиот се снимаше на неколку локации во Скопје. Она што е интересно, што покрај Бојана во спотот се појавуваат и нејзините деца, ќеркичката Искра и синчето Ѓорѓи.

– Кога на моите најблиски им кажав дека името на песната е „Круна“, нормално првото прашање беше од каде името и какво значење има. Круна на мојот живот се токму моите две деца и поради тоа симболично со Николче го одбравме тоа име за песната – објаснува познатата пејачка.

Таа вели дека ова е само почеток, бидејќи нејзините планови се да биде повеќе активна во полето на музиката, но нема да се откаже и од нејзината втора љубов, а тоа е работата како водителка на музички емсии.

Погледнете и уживајте:

Слични објави

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.
Се вчитува....