21.6 C
Скопје
19:50 - 2 јуни, 2026

Кога треба да им ја кажете вистината за Дедо Мраз на децата? Детски психолог ја разреши вечната дилема!

Не постои дете во светот кое не слушнало за Дедо Мраз и тоа е една од најубавите новогодишни магии во сечие детство. Дедото со долга бела брада во црвено одело го поминува целиот свет во својата кочија која ја влечат ирвасите и им носи новогодишни подароци на сите деца во светот.

Ова е една од најубавите и најкорисни родителски лаги. Тука се зачинува приказната дека Дедо Мраз буквално на секое умно дете ке му донесе подарок, а за возврат сака само една чаша млеко и неколку колачиња кои ќе го очекуваат на масата.

Фото: Профимедиа

Но, речиси секогаш се поставува прашањето кога на децата треба да им се каже дека Дедо Мраз всушност не постои.

„Како и кај се што би требало да биде тајна – знаењето е моќ. Ако се децата на возраст кога сами ќе се посомневаат, тогаш треба да ја дознаат вистината“, вели детскиот психолог.

Можете да ги прашате децата што мислат дали некој може за само една ноќ да го помине целиот свет и за секого да достави подароци. Доколку за нив тоа е можно и длабоко веруваат во тоа, не им ја уништувајте фантазијата.

Детето од своите врсници може да ја слушне вистината за идентитетот на Дедо Мраз, па можно е да почне да ве распрашува, а никако не сакате да дојдете до момент тоа да се чувствува излажано само од ваша страна.

Фото: Профимедиа

„Вистинскто време на детето да му ја кажете вистината е веднаш штом се појават првите сомнежи“, објаснува Коулсон, истакнувајќи дека е потребно да ги научите децата дека не е добро да им ја уништат магијата на оние кои се уште веруваат во Дедо Мраз.

„Потсетете ги дека другите родители можеби се уште не им ја откриле тајната на своите деца и дека е добро таа да остане меѓу вас“, заклучува Коулсон.

Слични објави

Уникатните декорации на „Magic moments“ ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Трик против муви со кеса полна со вода – Успева или не?

Т.Ц.

Фенг шуи: 10 работи што треба да ги отстраните од домот – веднаш ќе почувствувате олеснување

Т.Ц.

Додајте ѝ вкус на водата со една од овие состојки – ја поттикнуваат дигестијата, помагаат при слабеењето, ја намалуваат надуеноста…

Т.Ц.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Покажете искрена намера и подарете нешто посебно – рачно изработена свеќа со приказна и стил

Еспресо
Се вчитува....