19:15 - 11 јули, 2026

Карамела прелив без шеќер: Ова е тајниот рецепт од 3 состојки и се прави за 5 минути

Сите знаеме дека карамелата е направен од шеќер – но има и поздрава верзија на оваа вкусна смеса. Има многу сличен вкус на оригиналната карамела, но овој пат нема да ви биде потребно ниту грам  шеќер за да ја подготвите.

За да подготвите полна лажна карамела, користете меки урми и тахини, односно паста од мелено семе од сусам.

Unsplash
Фото: Unsplash

Иако рецептот е многу едноставен, треба да обрнете внимание на неколку детали, пишува Пун куфер.

Доколку немате на располагање меки урми, важно е да ги потопите во топла вода во која ќе отстојат преку ноќ за убаво да омекнат. Ова е особено важно ако немате на располагање добар блендер.

Unsplash
Фото: Unsplash

За добра лажица здрава карамела, исто така е важно да се користи квалитетен тахини. Секогаш купувајте течна форма на тахини.

Состојки:

  • 150 грама меки урми
  • 3 лажици тахини
  • прстофат сол

Подготовка:

Во блендер ставете ги омекнатите урми без семки, 3те лажици тахини и солта и блендирајте сè заедно додека не добиете хомогена смеса како карамела.

Во случај смесата да биде премногу тврда, додадете малку вода или бадемово млеко.

Послужете со овошје, чоколадо или намачкајте на леб или бисквита.

 

Слични објави

Како да направите неодоливо крцкави похувани тиквички

Т.Ц.

Фрапучино со сладолед – идеален пијалак за летните горештини

Еспресо

Освежителна пита со праски без печење што буди носталгија за детството

Т.Ц.

Не е фотомонтажа ни ВИ – ова дрво навистина ѝ пркоси на гравитацијата и ги збунува посетителите на „златниот остров“ во Јадранското Море

Т.Ц.

Слатки уживања: Три едноставни рецепти со вишни што ќе ги обожавате

Т.Ц.

Идеално освежување за жешките денови – домашен леден чај кој можете да си го прилагодите според вкусот

Т.Ц.
Се вчитува....