16:07 - 1 ноември, 2026

Дали Меган Фокс е бремена? Машин Ган Кели ги поттикнаа гласините откако посвети стих за неговото неродено бебе

Актерката Меган Фокс и нејзиниот партнер Машин Ган Кели поттикнаа гласини дека го очекуваат своето прво дете на доделувањето на музичките награди Билборд во Лас Вегас. Гласините започнаа откако Машин Ган Кели ја посвети песната „Twin Flame“ на нивното „неродено дете“.

За време на настапот на сцената, 32-годишниот рапер свирел на гитара и еден дел од песната го посветил на своето идно дете, нарекувајќи ја својата вереница сопруга.

„Ја напишав оваа песна за мојата сопруга – рекол пред да почнат стиховите: „Предобра си за мене, а јас сум прелош за да ме задржиш, тажен сум, осамен, те сакам само тебе“, а по неколку минути тој додал: „А ова е за нашето неродено дете“.

Не е јасно дали со тоа ја најави потенцијалната принова во семејството или само нивните планови за иднината, но тој стих не е дел од песната.

Меган Фокс и Машин Ган Кели се верија после една и пол година врска, а наводно наскоро планираат и екстравагантна, готичка венчавка.

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....