27.8 C
Скопје
16:56 - 6 октомври, 2026

Како секогаш да подготвите НАЈВКУСНИ ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА?

Пржените парчиња леб претходно потопени во изматени јајца се специјалитет кој во Македонија, но и на Балканот, има долга традиција на подготвување.

Во светот потопениот леб во јајца, па испржен, популарно се нарекува француски тост и на блоговите за храна може да се најдат најразлични варијанти. Но, она што е сигурно е дека како и да ги јадете, благи или солени, пржените лепчиња се еден од најомилените оброци на наши простори.

Можеби не се чини како преголема филозофија да се подготват, но постојат неколку трикови кои сигурно ќе ви помогнат секогаш да имате највкусни пржени лепчиња на трпезата.

Парчињата не треба да бидат претенки, најдобра дебелина е околу еден и пол сантиметар. Не користете свеж леб, туку векна која отстојала барем еден ден.

Не пржете на путер, бидејќи лесно гори. Најдобро е да користите сончогледово масло. Според некои луѓе, многу повкусни се ако се додаде малку млеко во смесата со изматени јајца.

Ако сакате солени лепчиња, зачинете ги јајцата со бибер, пармезан, лук во прав или кој и да е зачин што го сакате. За благата верзија можете да користите цимет, ванила или шеќер во прав.

Маслото треба да биде врело, а откако ќе се загрее, пржете на средна температура.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....