5.8 C
Скопје
05:10 - 1 април, 2026

(ФОТО) СКРИЕНА, НО СИТЕ ЈА ЗНААТ: Исконски иконски бурек ќе јадете во оваа скопска пекарница

буњаковец пазар

Бурек – пет букви, еден збор, најдобар пријател на ранобудните, а љубовник на ноќните птици. Бурек. Ах, бурек!

Секоја култура има свои оброци – идоли кои ја симболизираат. Еден од нашите е бурекот. Сме го наследиле од Отоманската кулинарска традиција и низ вековите го имаме персонализирано за наш вкус.

Ја посетивме пекарата „Флорида“ на пазарот „Буњаковец“ , создадена од двајцата браќа Бектеш и Мурат, која ги сведочи доаѓањата и проаѓањата на муштериите и пазарџиите цели 23 години. Американско име, супермакедонски гастрономски мајстории.

Бурекот направен во оваа пекарница го бие толку добар глас што не можевме да оддолееме, па, да, го пробавме!

буњаковец пазар
Бектеш – Бурекџилница , Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Толку се прочуени баничките тука, (освен бурекот) што пекарата дури си „стои“ на пазарот без видливо име, ама сите знаат која е, каде се „скрила“ и какви деликатеси таму нè чекаат.

Очекувано, јадевме сочна четвртина, кој со месо, кој со сирење –  си ја „одлушпивме“ од намрсената, добро препознатлива хартија.

буњаковец пазар
Соња – Бурекџилница  Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

 

Го прашавме сопственикот Бектеш Абдија, „Која е вашата тајна? Зошто е бурекот толку вкусен?“, а вработената Соња се вмеша да ни одговори, односно да го поштеди пекарот од скромност:

– Вештината е во рацете на мајсторите. Брашно си е брашно. Секаде е исто –

 

– Производите што ги користиме се оргинални. И маслото и маргаринот – ја заокружи мислата мајсторот Бектеш.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....