12:38 - 25 август, 2026

(Фото сторија) Македонски пресладок двор во Германија: Валерија ни покажа како да се уреди мал простор

Валерија Атанасовска е Македонка со адреса на живеење во Германија. 

Семејството Атанасовски живее во живописното германско село Доквајлер, на три километри од градот Даун.

Валерија по професија е конфекционерка, но не работи на струката.

– Работам во Дом за стари лица во Германија. А за одгледување и средување на нашиот двор се грижиме јас и мојот сопруг. Дворот е многу мал, ама секогаш е среден, со многу цвеќиња -ни одгвара Валерија.

Навистина, изобилство од прекрасни цвеќиња на мал простор, од трендафили, сардели, бегонии до каранфили…

– Секогаш е убаво кога си размануваме градинарски совети – согласна е Валерија – така секогаш ќе научиш нешто ново – вели оваа дама со огромна љубов кон природата и растенијата.

Инаку, Валерија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

фото – приватна архива

Слични објави

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Со овој руски трик вашите цвеќиња ќе станат раскошни

Еспресо

Направете моќен раствор кој ги враќа цвеќињата во живот

Т.Ц.

Водич за одгледување и нега на кралиците на летното цвеќе – петуниите

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....