7.8 C
Скопје
08:52 - 6 октомври, 2026

Чоколадни колачи со путер од кикирики (РЕЦЕПТ)

Навистина ќе ги засакате овие посни колачи и често ќе ги правите и тоа не само за гости.

Потребни состојки:

225 гр маргарин
170 гр мелени посни бисквити
200 гр шеќер во прав
250 гр путер од кикирики (и уште четири лажички настрана)
250 гр посно чоколадо

Подготовка:

Во сад со средна големина измешајте ги маргаринот, мелените бисквити, шеќерот во прав и путерот од кикирики. Мешајте додека не се соедини смесата и потоа нанесете ја во плех за печење обложен со хартија. Притиснете ја смесата за рамномерно да се распореди.

На пареа растопете го чоколадото со четирите лажици путер од кикирики и мешајте додека не се соедини смесата. Прелијте врз слојот од путерот од кикирики и кекс.

Оставете да се стврдне, изладете во фрижидер и исечете на коцки.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....