12:08 - 22 ноември, 2026

„ARROZ CON LECHE“: Автентичен шпански пудинг од ориз

десерт

Колку и да изгледа едноставно, трикот да се направи совршен arroz con leche или ориз со млеко е да се изберат вистинските и квалитетни состојки за да се направи десертот што е можно покремаст.

Малку е веројатно дека ќе го пропуштите овој рецепт ако некогаш разгледате некоја шпанска книга за готвење. Овој десерт може да се сервира топол или ладен во зависност од годишното време. Иако секој има своја верзија на рецептот, тој се пренесува од генерација на генерација.

Иако станува збор за многу едноставен десерт, има причина зошто за многумина е полн погодок – причината е затоа што може да се направи на различни начини. Колку и да изгледа едноставно ова јадење, трикот за совршено правење е да ги одберете вистинските состојки за да го направите десертот што е можно покремасто.

Потребни состојки:

  • 250 грама ориз кружен или со кратко зрно
  • 3 литри полномасно млеко
  • 100 милилитри крем за готвење
  • 250 грама шеќер
  • две стапчиња цимет
  • цимет во прав, по вкус
  • кора од еден лимон
  • сол

Подготовка:

Оризот ставете го во врела вода во големо тенџере и промешајте да се ослободи скробот. По околу 5-10 минути, отстранете ја водата и вратете го оризот на средна топлина. Постепено додавајте го врелото млеко.

Додадете лажичка сол, кора од лимон, цимет и крем. Најважниот дел од правењето на овој десерт е постојано мешање на смесата за да не се залепи. Кога текстурата на пудингот ќе стане кремаста, додадете повеќе топло млеко и мешајте без престан.

Кога млекото ќе се впие, додадете шеќер и мешајте уште 5-10 минути. Вкусете го оризот за да бидете сигурни дека зрната се зготвени и текстурата на пудингот е доволно густа. Ако оризот е се уште тврд, но не е доволно кремаст, слободно додадете малку повеќе млеко, само внимавајте да не се залепи.

Пред да се излади смесата, тргнете ги стапчињата цимет и кората од лимон. Кога сервирате, горниот дел од пудингот можете да го посипете со шеќер и цимет.

Извор: Insider

Слични објави

(Фото) На поранешната сопруга на Игор Којиќ ѝ пристигнало изненадување пред вратата, па го покажа раскошниот подарок

Еспресо

Хасан Дудиќ за клиничката смрт, односот со Злата Петровиќ и семејството: „Никогаш не сум бил на ничија сметка, сè сум стекнал со труд“

Е.А.

Ела Дворник откри што ѝ се случувало по разводот: „Одлучија да се повлечат“

Еспресо

Што треба да јадете за појадок по 40-тата година? Овие намирници помагаат да ги зачувате мускулите и енергијата

К.С.

Дара Бубамара за непријатноста на германската царина и односот кон соработниците: „Кога имам јас, имаат сите“

Е.А.

(Фото) Погача, жито, свеќа… Уна Чолиќ покажа како го слават Архангел Михаил во нивниот дом

Еспресо
Се вчитува....