15:10 - 4 април, 2026

АВГАНИСТАНКИ СПОДЕЛУВААТ ФОТОГРАФИИ ВО ШАРЕНИ ФУСТАНИ: Барањата на талибанците се косат со традицијата

авганистан, жени

Авганистанките ширум светот протестираат против новите барања на талибанците да носат хиџаб во училиштата со објавување фотографии на социјалните мрежи на кои носат шарени традиционални фустани.

Во последните денови, талибанците наредија полова сегрегација во училниците и побараа од студентките и професорките да носат хиџаб во согласност со толкувањето на шеријатскиот закон.

Викендов на социјалните мрежи се појавија фотографии на група студентки облечени во црни фустани од глава до пети веејќи талибански знамиња во една од предавалните на Државниот универзитет во Кабул.

Голем број жени се спротивставија со објавување на фотографии во светли и шарени традиционални авганистански фустани, во целосна спротивност со мандатот за црн хиџаб.

Бахар Џалали, поранешна професорка на Американскиот универзитет во Авганистан, помогна да се започне кампањата.

„Ниту една жена во историјата на Авганистан не се облекувала вака, никогаш. Ова е туѓо во целост за авганистанската култура. Објавив моја фотографија со цел да информирам, едуцирам и да ги отфрлам дезинформациите кои ги пропагираат талибанците“, напиша таа, а голем број жени го следеа нејзиниот пример.

Содаба Хаидаре, новинарка на „Би-Би-Си“, исто така објави фотографија на која позира во шарен фустан.

„Ова е наш традиционален фустан. Сакаме многу бои. Дури и нашиот ориз е шарен, исто како и нашето знаме“, напиша таа.

Судбината на жените во Авганистан е загрижувачка откако талибанците ја презедоа контролата над земјата по повлекувањето на американските и меѓународните трупи во август.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....