25.8 C
Скопје
16:33 - 5 мај, 2024

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПОДГОТВИ ТАРТ СО ЧОКОЛАДА, СИРЕЊЕ И ЛИМОН: Чинија полна љубов!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

За мене љубов е секој ден и секој момент, a овој ден нека биде причина плус за нова среќа, нови моменти и насмевки.  Ви сервирам љубов во чинија со многу многу причини денес да се најде на вашата трпеза. Нема да ви одземе повеќе од 30 минути, а ќе биде основа за нови љубовни и убави моменти со целата фамилија– вели шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Тарт со сирење, чоколада и лимон

Потребни состојки

За долниот дел од тартот:

– 100гр. мелена плазма
– 60гр. ореви
– 60гр. бадеми
– 60гр. индиски ореви
– 6 лажичи кокосово масло или 30гр. путер
– 1 цеден лимон (сол од лимон)
– Мала лажичка путер од какао

За кремот со маскарпоне

– 250гр. маскарпоне
– 2 лажички екстракт од ванила
– 3 големи лажици мед
– 1 лажичка путер од какао
– 3 лажички кокосово масло

За кремот со чоколадо

Две полни раце капки или ситно сечкано белгиско чоколадо

За декорација

– Чоколадо во прав

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)


Начин на подготовка

Во блендер ставете ги оревите, индиските ореви и бадемите. Блендирајте додека не добиете прашкаста смеса во која ќе ја додадете плазмата, кокосовото масло или растопеното путер и лимоновиот сок. Измешајте убаво и со тапкање во округлиот сад формирајте го долниот дел од тартот. Оставете да се стегне во фрижидер

Состојките за кремот ставете ги во сад, земете миксер и гответе се додека не добиете крем смеса. Смесата истурете ја врз долниот дел од тартот, израмнете убаво и вратете ја во фрижидер.

Чоколадото топете го на ниска температура со постојано мешање, и така растопено истурете го врз белиот крем. Премачкајте убаво и рамномерно.

Врз чоколадото додадете чоколадо во прав и рендана кора од портокал и лимон.

Многу е вкусна, ќе се изненадите од леснотијата при самото јадење!

Слични објави

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо

„Црна низа“ денови: Судбината ќе ја тестира силата на два хороскопски знаци

еспресо

Кејт Мидлтон е подготвена да ѝ прости на Меган Маркл: „Нивните деца се во никакви односи“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо
Се вчитува....