11:50 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температурите ќе бидат натпросечно високи, па ќе опаднат, еве кога!

– Како што најавивме, за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе имаме повеќе облачност и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Утре ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, вели Славчо Попоски метеопрогнозер.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, додека мало опаѓање на истите ќе има од недела и максималните дневни температури на воздухот тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

И во Скопскиот регион од утре па натаму ќе има повеќе облачност, додека утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Сепак температурите ќе бидат релативно високи и натпросекот за овој дел од годината и максималните дневни во следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....